Сте помислиле на тие што се разведуваат во карантин? Не, само на себе мислите.

Пред коронава да ни расплаче мајка глобално, стапката на нови бракови и разводи во Америка била во опаѓање. Сега адвокатите за развод предвидуваат пораст, што значи дека на Америка може да ѝ се случи истото што и на Кина, каде што луѓето, народски кажано, се утепаа од разведување во карантин.

Не си ги гушете децата

Краток анимиран филм со наслов „Папочна врвка“, што ќе ви се внесе во фаца и, да се изразиме модерно, ќе ве натера да се замислите.

Рики Џервејс побара да се мавнат славни личности од Листа на почести

Наместо нив, вика, „дајте му на некој што донирал бубрег на непознат човек.

Ако лицето ви страда од нонстоп носење маска

Се туфкаа, се предомислуваа и на крај одлучија - маски во затворен простор мора. Ама ова одамна го јадат вработени во банки, маркети и слично - и душата, поточно - лицето им знае.

Најди си дежурен секс-партнер за карантин

Дечко, девојка, што да е… Ова е препорака од холандските власти, не го измисливме ние. Предлагаат секој да се потруди околу свое „другарче за гушкање“.

Производите за заштита од „сина светлина“ се најверојатно глупости

Збор-два за нега и заштита на кожа од зрачење на екран, и зошто не ја бива таа работа.

Има ли смисла свадбата да ти се сведе на „морам да ослабам“?

„Еден од најохрабрувачките моменти околу одложувањето на мојата свадба што требаше да биде во мај, беше едноставниот факт што - не сум само јас. Благодарение на интернетот, најдов еден куп други парови што го одложуваат нивниот ден поради КОВИД-19. Си се жалевме меѓу себе, споредувавме резервни планови и пробувавме да најдеме позитивен елемент во сето ова, преку пораки и коментари на Инстаграм.“

Џејн Фонда за Мерилин Монро

За Мерилин знаеме многу малку, без разлика што ни се чини дека ја познаваме. Се расфрламе со цитати, со техники на шминкање, ја жалиме, ја фалиме, а реално, ни ние сега, ни луѓето тогаш не ја познавале баш. Сепак, некои ја виделе и разговарале со неа. И интересно е да се види како ја доживеале, години покасно.

„Дождлив ден во Њујорк“ заработува најмногу и покрај деликатните снегулки што работеа на него

Најновиот филм на Вуди Ален, од кој се откажаа сите познати членови на екипата и чија што премиера во Америка ја откажа оригиналниот поддржувач, Амазон Студиос, има највисока заработувачка на глобалниот бокс-офис неделава.

Луѓето се способни сѐ да упропастат

Дури и честитка за Денот на мајката, во комбинација со одлична идеја за подарок и комплимент. Дури и тоа. Без разлика што доаѓа од Ким Кардашијан.

Многу им прави мерак ИКЕА кесата

Сега направија маска.

Новиот Инстаграм-тренд е холографска коса и ич не е лошо

Не дека баш морам ова да го направам, ама стварно магично изгледа.

Кардашијан-ефектот и неговите последици

Без разлика дали шеташ по Инстаграм или по улица, насекаде можат да се видат копии на сестрите Кардашијан, во шминка, гардероба и тело.

Дали решението за корона се крие во еден нелегален лек за мачки?

Една Робин Кинц има две мачки, кои закачуваат фатална болест минатата година, и по истражување, Кинц дознава за некој лек на црн пазар во Кина. Употребата на лекот, познат како GS-441524 се базира на легитимни истражувања, но начинот да го добиеш - не баш.

Сино небо - еден од ретките благослови на КОВИД-19

Најзагадените градови во светот бележат огромни намалувања во загаденоста откако нѐ испозаклучија сите по дома.

„Модерен мебел“, 1958

Кликаш и си викаш, „чекај да видам колку биле во заблуда“, за на крај на видеото да седиш со списоче и да коваш планови кој столар би можел да ти излезе во пресрет за сѐ ова да ископираш.

Како откажувањето на Кан ќе влијае на светот на филмот?

Канскиот филмски фестивал требаше да биде оваа недела, но пандемијата отвори прашање дали воопшто има потреба од филмски фестивали.

Индустрии што тешко ќе се опорават после корона

На кратко: Теретани, кина и канцеларии може да отидат во историја или едвај да функционираат. На долго - има зошто.

Ај на уште една модна изложба

Надреалната уметност на Елса Скиапарели.

Како ликот „Карен“ стана коронавирус-негативец

Една популарна шега за захтевни бели жени сега станува и меме на пандемијата.

Диор ве кани на виртуелна изложба

Пролет обично асоцира на кафиња, шетање, дружби и музеи, ама нели, знаеме зошто тие активности не ни се достапни сега. Сепак - има една изложба што можеме да ја уживаме од дома.

Дали пандемијата значи крај за совршенството?

Многумина поминуваат време на видео-повици, што на некои луѓе им служат и како потсетник на фактот дека имаат работа, здрави се и дома се со фамилија. Освен тоа, според една писателка од Рифајнери, значат и нешто друго: прозорец кон прекрасниот задкулисен хаос.

Адел да ја видите

Што би рекле од Базфид, „Well, HELLO Adele!“