Луѓето се способни сѐ да упропастат

Дури и честитка за Денот на мајката, во комбинација со одлична идеја за подарок и комплимент. Дури и тоа. Без разлика што доаѓа од Ким Кардашијан.

Во саботата, на меѓународниот Ден на мајката, Ким објави трибјут за Крис Џенер и го сподели со нејзините 169 милиони следачи. Подарокот што го спремила се објаснува во постот:

„Ова е рана честитка за Денот на мајката за мајка ми! Најдобрата мајка на целиот свет! Едвај чекам да ѝ го дадам подарокот. Живеам за сентиментални подароци и многу се израдував кога го најдов свадбениот фотограф Алфред Гарсија кој сликал за свадбата на мајка ми и татко ми во 1978. Ја купив камерата што ја користел тогаш и сликите и ѝ направив албум. Никогаш не биле кај нејзе тие слики и кога ги видов имаше многу солзи-радосници! Среќен Ден на мајката, мамо, те сакам до небо!“

Прво ова е одличен поклон и порака за празник.

Кај е проблемот?

Сега ќе видите кај е проблемот.

Проблемот е во последната реченица. Фотографијата од Крис Џенер е стара и постот е под нејзе. И на крај вика:

„Првата слика што ја објавив од тебе веднаш откако се породи со Роб е ТОЧНО КАКВА ШТО САКАМ ЈАС ДА БИДАМ! Секогаш како тебе, во сѐ што правиш!!!!!“

Уште не ви е јасно кај е проблемот?

Тоа е затоа што се заборавиле во каков свет живееме. Затоа што луѓето на сликата реагираат со „Е, шо сеа, најбитно е да си згоден?“

„Зошто ни е целта да бидеме слаби после породување?“

„Зошто е секогаш најважно да си слаб? Големината на телото не е еднаква на тоа колку вредиш.“

„Каква длабока порака ти оставила. Остани слаба. Толку.“

„Што сакаш во врска со мајка ти? Дека се грижи за тебе? Дека те разбира? Нејзината безусловна љубов? Не, дека е слаба и поцрнета после четири бебиња.“

Овие коментари и нивни милион варијации се главниот сообраќај под објавата.

Не идејата. Не емоциите. Не официјалната желба „да бидам како тебе, мамо.“

Не.

Зошто коментирала дека била згодна после 4 родени бебиња. Колку жени околу вас после раѓање не би сакале да бидат во најдобра можна форма?

Токму така.

Каков глуп свет.

13 мај 2020 - 13:35