Рики Џервејс побара да се мавнат славни личности од Листа на почести

Наместо нив, вика, „дајте му на некој што донирал бубрег на непознат човек.

Во последните неколку недели, Џервејс е уште покритички настроен кон богатите и славните (ако е воопшто можно да биде покритичен од претходно), а особено поради начинот на кој реагираа за време на пандемијава. Ова го потврдува во едно интервју за австралиско радио, тврдејќи дека славните не треба да добиваат почести од кралското семејство оваа година.

Фалејќи ги клучните работници во првите борбени редови, вели,

„Не сакам веќе никој да се пожали од Националниот здравствен систем, или од сестри и доктори, или било кој во првите редови. Почестите не треба да одат кај славни оваа година. Треба да одат кај овие луѓе. Дајте му на некој што дал бубрег на непознат, не на некој што измислил нов вид маскара. Сум видел како луѓе стануваат витези за служба во модата. Што ви е бе, на вас, каква служба во мода?!“

И на крај додава, „Мислам, колку може да е тешко. Луѓето откриваат лек за рак и СИДА.“

Ако не ви е јасно зошто реагираме на „уште покритички настроен Рики“, еве видете како беше пред само неколку месеци - клик.

18 мај 2020 - 15:51