Диор ве кани на виртуелна изложба

Пролет обично асоцира на кафиња, шетање, дружби и музеи, ама нели, знаеме зошто тие активности не ни се достапни сега. Сепак - има една изложба што можеме да ја уживаме од дома.

Имаме тура низ „Кристијан Диор: Дизајнер на соништа“ - изложба во Музејот на декоративни уметности во Париз од 2017. Кога прв пат се отворила, луѓе чекале во редици на улицата Риволи каде што се наоѓа музејот и во период од 7 месеци додека траела, ја виделе речиси милион посетители.

Сега ние ќе си влеземе.

Документарецот почнува со самиот Диор и неговиот револуционерен New Look по втората светска војна, па хронолошки се преминува на неговите наследници меѓу кои и Ив Сан Лоран, Џон Галијано и Марија Грација Киури.

Ај:

 

7 мај 2020 - 19:42