Новиот Инстаграм-тренд е холографска коса и ич не е лошо

Не дека баш морам ова да го направам, ама стварно магично изгледа.

Ако сте тип на човек што нема проблем со виножито во коса, ова ептен ќе ви направи ќеиф. На Инстаграм се веќе излудени по техниката, и холографските бои и веројатно стварно треба да им се признае - од сите коса-трендови што се појавија во последниве години, ова е најблиску до уметност.

За да се постигне ова, треба користење на мултидимензионални металик или пастелни бои, според фризерката Кијала Марвичи, една од ретките што знаат како ова да го прават.

Методот е сличен на печатење со сито. Се нанесуваат различни бои на парче плексиглас и се притиска праменот на него. Вака боите се лепат на косата и процесот се повторува неколку пати со розева, сина и виолетова боја на различни прамени, а понекогаш една боја се користи и неколку пати заради интензивирање. И колку и да звучи чудно, ова е полесно и побрзо се постигнува од балајаж и другите модерни опции што барем еднаш сте ги слушнале.

Како што рековме, мал број на фризери го знаат ова, но Марвичи размислува наскоро да одржи предавање.

Ако ви фаќа око, треба да бидете спремни дека треба бланширање на косата. А изгледа толку добро, што можеби и нема така лесно да пропаднат фризерите како што светот се плаши, откако ќе заврши целава коронаглупост.

Don’t try this at home:

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Double tap if you love this holographic hair! 😍 • Credit: @rebeccataylorhair

A post shared by 💋 Guide To Gorgeous Hair (@guidetogorgeoushair) on

 

13 мај 2020 - 12:42