Фризерите ќе се вратат на работа, ама нема да им биде исто

Ширум светот, покрај сѐ друго што се затвора, особено трпат фризерите и берберите, како дел од професиите каде што е основа контакт со луѓе.

Во 2008, и покрај финансиската криза и загубата на 2,6 милиони работни места, фризерите бележат поголема побарувачка. Остануваат една од ретките индустрии што не трпи, затоа што луѓето биле спремни да се откажуваат од одредени работи, само да не пропуштат термини за коса и брада.

Американките во 1936 потрошиле 6 милиони долари на фризер - за време на Големата депресија, фризерските салони се меѓу ретките што сѐ уште привлекуваат муштерии. Назад во иднината - од 2008 до 2009, пораснатата побарувачка за фризерај, изразена во бројки е 8%.

Ова им е гордост на фризерите, чие достигнување е на луѓето да им обезбедат фундаментален извор на грижа за себе и лично достоинство, дури и во тешки времиња. Сѐ до сега, имале  професионална сигурност, знаејќи дека можат да зависат од луѓе што им влегуваат во дуќан, па и камења да паѓаат. Ама сега, салоните се принудени да затворат, а професиналците не се сигурни како ќе се одржат и себеси здрави и безбедни кога ќе дојде ред за повторно отварање.

Ниедна индустрија не е непогодена од пандемијата, но услужните дејности се особено пред распаѓање.

„Сѐ уште има многу интерес и за козметолошки и берберски програми,“ изјавува Бритни Моралес, директорка на Дајамондс колеџот за козметологија и берберство во Тексас, каде што сега часовите се одржуваат онлајн. Сѐ уште се пријавуваат студенти секој месец. Нашата индустрија трпи во моментов, но не се сомневам дека ќе се врати на нозе штом ќе можеме да отвориме.“

„Фризерите не беа спремни за неможноста да работат,“ вели Мајкл Дуењас, фризер за славни и претседател на Сапорт Креативс, непрофитна огранизација што во моментов собира пари преку приватни донации за да помогне на фризери што ќе се пријават. „Стотици се пријавуваат, од цела земја. Еден рече дека нема приход, нема заштеда, нема пари и губи надеж. Друг чека тест во карантин, откако бил изложен на корона.“

Дури и вака со пречки, фризерите се оптимисти - и се надеваат дека ќе има доволно работа, со оглед на тоа колку луѓе сами се фатија за ножици и фарба. Сепак, една изјавува дека ќе се почувствува промена на еден многу подлабок начин. „Ништо нема да биде исто,“ вели таа, нагласувајќи дека, бидејќи отсекогаш имало работа, фризерите не биле финансиски спремни да седат дома.

Многумина од нив размислуваат околу повторното отворање; некои од старт одбиваат да се брзаат, со објаснување дека короната сѐ уште не е под контрола и не можат да практикуваат социјално дистанцирање и не им вреди ризикот. Други размислуваат за решенија и идеи за кога ќе се одлучи дека е безбедно повторно да се отвараат врати. Спомнуваат помалку асистенти, поделен распоред, никако по двајца клиенти во термин, не може со другарка и не може со деца. А размислуваат и за качување на цените за ова да може да функционира.

Главно, сите се согласуваат со едно: Одлуката да ја средиш косата можеби никогаш веќе нема да се носи на ист начин. Но, уверени се и во клиентите што ги поддржуваат и во издржливоста на фризерскиот свет - и решени се дека и оваа бура ќе ја поминат.

Целиот текст, со изјави и анализи - тука.

28 април 2020 - 16:49