Дали пандемијата значи крај за совршенството?

Многумина поминуваат време на видео-повици, што на некои луѓе им служат и како потсетник на фактот дека имаат работа, здрави се и дома се со фамилија. Освен тоа, според една писателка од Рифајнери, значат и нешто друго: прозорец кон прекрасниот задкулисен хаос.

Има луѓе што Зум го гледаат како лајв видео каде што треба да се претстават во најдобро светло, па изгледаат горе-долу совршено - нели, колку што дозволува безвезното, непрофесионално светло по дома, но повеќето се олицетворение на несовршеност - кучиња лаат, нема шминка, деца се бркаат по куќа, некој мие садови во позадина - а ти си на состанок. И кај тој што се состанчи со тебе, позадината не е којзнае колку поразлична.

Вистината е дека хаосот отсекогаш го имало, но дури сега сме толерантни на него. Притисокот да се завршат работите и да се искористи слободното време постои, но истовремено сме свесни дека е во ред да се прави помалку, или во некои случаи ништо.

Од сите промени во парадигмата што ќе ги видиме после пандемијата - во економијата, во начинот на кој комуницираме меѓу себе, колку често чистиме по дома и колку често миеме раце, една од најголемите ќе биде прифаќањето дека продуктивноста не мора секогаш да биде највисока цел. И веројатно (за жени особено), ова звучи крајно радикално.

„Веќе долго време е јасно дека бркањето совршенство е сизифовска задача, но колку да се стремиме кон тоа, стандардот е невозможен за достигнување во еден нормален ден. А да се трудиме да дојдеме до совршенство за време на пандемија е виц,“ вели во своето излагање за Рифајнери Решма Сауџани.

Не е ни чудо што сѐ повеќе жени гледаме што совршенството го ставаат на клупа и си викаат „заеби.“ И секогаш кога тоа се случува, изгледа како жената да си покажала сочувство самата на себе во ваква криза. И дека со тоа и на другите жени им дава „дозвола“ да го направат истото.

„Ваквите чинови на сочувство за себе се она што ќе ја направи разликата во иднина,“ завршува Сауџани. „Кога кажуваш не на малите работи што не се важат, а да на оние што се битни. Не на работа по дома, облекување совршено, паметење на секој роденден - и веднаш имаш време за да на нешта како почнување нов бизнис, ставање крај на токсична врска, или како мене, почнување на меѓународна непрофитна организација со нула искуство.

Долгорочно гледано, овие чинови на љубов кон себе нѐ прават посреќни.“

Види и: Карантинот ги урна стандардите за убавина 

7 мај 2020 - 18:46