„Дождлив ден во Њујорк“ заработува најмногу и покрај деликатните снегулки што работеа на него

Најновиот филм на Вуди Ален, од кој се откажаа сите познати членови на екипата и чија што премиера во Америка ја откажа оригиналниот поддржувач, Амазон Студиос, има највисока заработувачка на глобалниот бокс-офис неделава.

Повеќето кина се затворени, ама за филмот се известува дека заработил на 330.000 долари минатиот викенд во Јужна Кореја, откако земјата ги олабави мерките за заштита од корона.

Целокупната заработувачка ги надминува и Онвард на Пиксар, кој сега во Норвешка заработи едвај над 17.000 долари, Ла Бел Епок со 35.000 долари во Австралија и Д Речед со 69.000 долари во Америка.

Инаку, „Дождлив ден во Њујорк“ беше проблематичен затоа што само што се заврши, одново на површина избија обвинувањата дека Вуди Ален ја сексуално ја нападнал неговата ќерка, кои Ален ги отфрла, а ги отфрлаат и судови во две американски држави. За појасно, прочитајте ја неавторизираната биографија, „Непокорниот живот на Вуди Ален“ од Мерион Мид, каде што е објаснето сѐ, гледано од надвор, без држење страна.

Премиерата во Америка се планираше во 2019 и Амазон ја откажа, Ален тужеше, а глумците се откажаа од приходите, со тоа што некои и изјавуваат дека „зажалиле што работеле со него“.

И сега, во една „животот ја имитира уметноста“ ситуација, каде што на Ален му се случува крајот на „Холивудски крај“, филмот го емитуваат независни дистрибутери на многу територии надвор од Америка, како Франција, Шпанија, Мексико, Русија и други, и досега има заработено околу 20.9 милиони долари.

Филмот е… па не е како некои други негови филмови во однос на квалитет, можеби баш заради инсистирањето да биде како некои од нив. Приказната има малку проблеми, најверојатно затоа што е како од ’70-ти, а сместена во денешно време, а никако не помага неподносливоста на избраната екипа.

14 мај 2020 - 12:10