Ај на уште една модна изложба

Надреалната уметност на Елса Скиапарели.

Елса Скиапарели (1890 – 1973) поместува граници како креатор, трансформирајќи функционални парчиња облека во уникатни стилски изјави - нејзините вечерни костими го претставуваат врвот на високата мода во ‘30-те поради деталните украси, луксузните материјали и мајсторијата во кроење. Соработки со надреалисти како Салвадор Дали, пак, отвораат пат за уште попровокативни, дури и шокантни креации. Театрални додатоци како шапката во форма на чевел, фустанот „Tears“ (не како солзи, туку како дупки, искинато) кој треба да личи на раскинато месо и драматичниот „Скелет“ фустан ја претставуваат во нејзината најрадикална форма.

Човек може само да гледа и да посакува светот да е понаселен од вакви типови на луѓе. Дали ќе ни беше подобро, или во таков свет немаше да дојде Елса Скиапарели до израз можеме само да нагаѓаме. Да си дизајнер во Париз од ‘20-ти па натаму, да имаш прилика да си играш со Дали и Манреј и во твоето поле да создаваш уметност во нејзината најосновна форма личи на измислена приказна, и токму тоа ја прави Скиапарели толку фасцинантна.

Пратете со каква почит ѝ се пристапува на облеката, и како се опишува и разгледува како уметничко дело. И обрнете внимание на деталите на фустанот од 5:00.

Детално за изложбата на сајтот на музејот Викторија и Алберт.

Sиркање внатре, тука:

Вчера беше Диор.

8 мај 2020 - 15:29