Џејн Фонда за Мерилин Монро

За Мерилин знаеме многу малку, без разлика што ни се чини дека ја познаваме. Се расфрламе со цитати, со техники на шминкање, ја жалиме, ја фалиме, а реално, ни ние сега, ни луѓето тогаш не ја познавале баш. Сепак, некои ја виделе и разговарале со неа. И интересно е да се види како ја доживеале, години покасно.

Во неколку интервјуа, Џејн Фонда кажува драгоцени, блиц-информации за Мерилин Монро. 

Како на пример, дека е „како дете.“

Како некој што мисли дека е небеско суштество, а истовремено си вика „денес е денот кога ќе ме откријат дека сум измамничка.“

Или,

Зрачеше светлина и ранливост. 

Знаела дека е најбараната, најинтересната жена на светот, и истовремено доцнела по два часа на прес, затоа што ѝ се лошело од страв.

Кога ќе влезела на забава, мажите почнувале да се тресат. А, на Мерилин ѝ било поудобно да разговара со Фонда, заради таа нејзина анксиозност и ранливост.

А Џејн Фонда кралица како и секогаш:

14 мај 2020 - 12:46