Фали:
- Возбудата кога успешно ќе се дотераш
- И првите неколку чекори кога ќе излезеш на сончев ден
- Поставување прашање и добивање одговор од другиот крај на канцеларијата, во живо
- Парадоксалната тишина на рано утро и она жуборење во подготовка, додека градот се спрема да отвори
- Размуабетени луѓе по улица
- Случајни средби
- Да го прашаш партнерот (цимерот, кој и да живее со тебе) како му поминал денот и стварно да не знаеш.
Што мислевме дека нема да фали:
- Крцкави столчиња
- Звук на сообраќај
- Редици во пекара
- Одење дома да се пресоблечеш, па повторно излегување
- Поточно, да се брзаш
- Повремена желба за шминка
Што не фали:
- Чекање автобус пола саат
- Немање време за луѓе што ги сакаш
- Седење во канцеларија, или кај и да е, кога не мораш да бидеш таму, само затоа што е работно време
- Да се заборавиш од работење
- Земање на работите здраво за готово - како на пример, пешачење до работа, или купување кафе за носење
- Чувството дека децата не те гледаат доволно
Што нема да фали откако ќе заврши ова:
- Хеланки
- Зависност од телефон за меѓучовечки односи
- Готвење три оброци дневно
- Корона-вести во живо
- Работење од када
- Будење со грутка во гради секое утро
- Чувството на неодговорност секогаш кога константниот потсетник на колективната смртност ќе ни избега од свеста
- Колку често се прашуваме дали сме во депресија
- Получасовна дезинфекција секогаш кога ќе се вратиш од продавница
- Неизвесноста
Што нема да се заборави:
- Дури и кога нема да ни недостасува неизвесноста, сепак ништо нема да знаеме
- Локалните продавнички и нивната посветеност
- Делење на спалната со партнерот како канцеларија што не е така лошо
- Што точно прават мајки што не одат на работа
- Колку помага да имаш смисла за хумор
- Дека на градот му требаш колку што и тој ти треба тебе
Адаптирано од овде.