Неделна доза ентериер:

„Модерен мебел“, 1958

Кликаш и си викаш, „чекај да видам колку биле во заблуда“, за на крај на видеото да седиш со списоче и да коваш планови кој столар би можел да ти излезе во пресрет за сѐ ова да ископираш.

Тоа е. Арогантниот современ ум, зачаурен во карантин може да се испозанесе дека знае многу повеќе од некој пред 60 години, ама излегува дека во некои случаи - не.

Врати од плакар што се отвараат вертикално, трпезариска маса што се подесува за висина, и детали како лизгачки врати на комода, ама сепак да не се гледа дека се лизгачки - заедно со стилот на мебелот, сѐ ова е апсолутно добредојдено во 2020-та - особено за мали станови какви што секогаш први се продаваат.

(Жени, обрнете внимание на розевиот капут во модерниот плакар. Па - )

11 мај 2020 - 14:55