Приватна модна револуција со „Правило на +3“

Колку пати ви се случило да се набљудувате во огледало и „нешто да фали“? Најчесто, треба да смените чевли, или да додадете уште едно парче накит, или во моментов, за жал, може сакате и маската да ви одговара… Ама имало и финта за секогаш да бидеш задоволен.

Во едно од напуштените љубовни гнезда на Коко Шанел

Урбан истражувач успева да се напика и да направи неверојатни фотографии во една шкотска куќерда што едно време ѝ била љубовно гнездо на Коко Шанел.

Кога фотографот ти е едвај до колена - буквално

Сме заборавиле како изгледа светот кога си висок колку маса. Стенли Џонс има година ипол, поточно - 19 месеци и нѐ потсетува на тој поинт оф вју.

Дали при здрав разум се краде од Луи Витон и Хермес?

Нашата скромна рубрика нема слушнато за брендот Задиг и Волтер, ама Инстаграм кажува дека ич не се вчерашни - скоро милион следачи, а цени често и повисоки од еден Мајкл Корс. 

Да, мојот абортус навистина имаше *мирис*

За време на Републиканската национална конвенција, анти-абортус активистката Аби Џонсон на сцена ја користи приликата да сервира плитки глупости  за абортусот и луѓето што се одлучуваат на тој чекор. Ова ја разлутува новинарката на Космополитен, Даниел Кампоамор, која решава да се отвори за своето искуство на оваа тема и со тоа да постигне поента - колку е важно да ја имаш таа човечка слобода.

„Ѓаволот носи Прада“ е мало маче за шефицата на Вог Бразил

Секој ден, по некој доскорешен вработен од Вог Бразил се жали од Даниела Фалсао, поранешната уредничка, која од 2016 е менаџер-директор на заедничката фирма на Конде Наст и бразилскиот медиумски гигант Групо Глобо.

Меланија не може глава да дигне

И стварно, намерно ли вака ѝ ги смислуваат модните комбинации? И толку ли не ѝ текнува?

Инфлуенсерско просјачење или корпоративен инат кон новото време?

Српскиот Твитер (а со тоа и македонскиот) излуде од еден секојдневен инцидент на силна инфуленсерка што на ресторан му понудила соработка (читај: бесплатен оброк за Инстаграм-стори), и скоро па бесно била одбиена. Повеќето го бранат ресторанот, неколку ја бранат нејзе. А во средина стои прашањето - што прави Балканот во однос на многу реалното постоење на инфлуенсерскиот маркетинг?

Секоја соба со различна Дизни-тематика

Знаете она, кога ќе пораснеш и ќе сфатиш дека живееш во сопствена куќа и дека можеш да ја уредиш како сакаш? Е па, женава решила дека ќе прави приватен Дизниленд.

Вработени во Старбакс летаат од работа заради ТикТок

Има еден нов тренд на ТикТок што ги предизвикува вработените во Старбакс да се предупредуваат меѓу себе кога ТикТокер ќе им побара сметка.

Како ОнлиФанс го промени порното засекогаш

И за едната и за другата страна. Едната страна сте вие, другата страна се крајно позадоволни, подобро платени и поуспешни креатори на порно.

Дринкинг гејм за мајки

Нема потреба од коментар, јасно ви е.

Зошто Монако има принцови и принцези, ама кралеви и кралици не?

Во бајки се знаеше - таткото е крал, децата се принцови и принцези. Денес со Монако владее Принцот Алберт, ама татко му не беше крал - само принцови имаат.

Ако ти пречи топлес… Не се сончај топлес?

Едноставна е филозофијата. Но, не и за едно семејство, на една медитеранска плажа.

Клаудија Шифер е Клаудија Шифер и на 50

Во ’90-ти ја советува Лагерфелд, и од срамежливо Германче, станува икона на убедливо највпечатливата модна ера и децении подоцна - уште е така. Денес полни 50 години.

Нетфликс се извини за „Cuties“

Филмот е со мали девојчиња, а Нетфликс го рекламираше со, според некои, сугестивна фотографија.

Како да најдеш маж, ама од 1958

Не било тешко за современата жена во 1958 да најде сопруг, ако била пристојна, или од добра фамилија. Сепак, за недоволно среќните, магазинот Меккол, кој работи од 1873 дури до 2002, има решение. Некои се дури и добри, затоа што во таа пуста потрага по маж, може и тебе ќе ти биде јако.

А.О.К за значењето на шминката

Александрија Окасио-Кортез е единствен политичар што бива гњавен околу мода и убавина, ама не ѝ пречи тоа. Напротив, тајни за убавина споделува со Вог, а го искористува моментот и да сподели нешто важно околу значењето на шминката, па дури и начинот на кој тоа ја прави видлива во политиката.

Плукање по „Пријатели“ им здосади, дајте „Сексот и градот“

Ви текнува како новиве woke-генерации се намерачија да исчезне серијата „Пријатели“ затоа што беа крајно навредени од секоја можна епизода? Е па, сега на ред е „Сексот и градот“.

Викторијас Сикрет не се потресува многу околу БЛМ

Напротив. Веќе не можат ни глава да дигнат - според Диет Прада, „одбиваат да си одат мирно“ и наводно се служат со безобразлуци додека им се може.

Невестинскиот фустан што крева веѓи

Личел на долен веш, срамота било.

Бурбери има маски

Таман ќе се навикнеш дека Бурбери постои со сета своја песочност и неинтересност, и ќе се навикнеш дека мантилчињата и марамите се носат за изјава (или дека сакаш класика и статус, или дека си бил на Битпазар, зависи од бекграундот), ама никако да биде човек раат: Бурбери пушта маски.

Глупости што ги трескаат травел-инфлуенсери

Ќути што ние немаме такви во толкав број, затоа што е полесно да купиш нешто ново и да го сликаш со завеса во позадина, отколку да маваш рецки колку земји си посетил.