Си постојат луѓе што објавуваат фини слики од неверојатни локации без да го измачуваат светот околу себе, ама во Македонија, травел-инфлуенсерството, или ако сакате, патувачките Инстаграм профили не се нешто богзнае колку распространети. Немаме ни толку стандардизиран начин на изразување, иако некои од луѓето што имале среќа да пропатуваат знаат да бидат курчатори, па да си пишат „номад“ во био.
Но, да не одиме контра на филозофиите истакнати во „Ај вака“. Кој што сака може да си пише и како сака може да се доживува и претставува.
Ама ако гњавиш… некој ќе ти направи и вакво видео и на нос ќе ти ги качи и „Јас сум номад“, и „Ех, се сеќавам кога имав посетено само 16 земји, одамна беше“, и „Ма, јас живеам на аеродроми“ и „Европа е многу мејнстрим“ и сите тие глупости: