Били Ајлиш не е храбра. Нормална е.

Бркајќи „боди позитивити“ преминавме апсурдни граници - каде самото постоење во тело поголемо од нулта величина се смета за храброст.

Дејт на денот

„Lepa sam, moze mi se.“

Имаме новопронајдена почит кон стенографи

Не дека секој ден од животот мислиме на стенографите или општо на нивната професија, ама кога ќе видите на кој принцип тоа функционира, ќе ве заболи глава.

Кога станот ќе ти стане занимација

Инес Мелиа е диџејка од Париз, истовремено дизајнер и сликар. Додека беше затворен Париз се нашла со слободно време на претек и решила да се посвети на сопствените четири ѕида.

Нов хорор на Стивен Кинг што ќе ви звучи некако познато

Приказната е за смртоносен вирус што го уништува светот.

Можно е модната недела да си остане виртуелна

Последните четири недели се случуваше најнадреалниот моден месец во историјата. Пандемијата принуди многумина (меѓу кои и уредници, купувачи, инфлуенсери и сѐ останато) да се откажат од аџилаците што ги прават два пати годишно до Њујорк, Лондон, Милано и Париз и да го изиграат модниот месец преку екрани.

Како да бидеш Гучи модел

Та не сме саде ние што дигаме веѓа на најновите псевдо-правци што се обидува да ги протури Гучи.

Храбриот нов проект на Стела Макартни и Синди Шерман

Скиапарели и Дали, Меквин и Хрст, Витон и Мураками: модни дизајнери и уметници одамна здружуваат сили за да ја демонстрираат моќта на креативната енергија. За Стела Макартни и Синди Шерман, ова не е само професионално партнерство, туку и пријателство.

Ако дожд не ви прави мерак, тогаш можеби чизми за дожд ќе успеат

Кај нас летата баш и не некое среќно време (напротив, сакаш да наполниш детско базенче со мраз и да си поседиш како риба во супермаркет), па ова време сега што го имаме може е најидеално.

Кога ќе кажеш дека не сакаш да имаш деца

„Ќе ти помине.“ „Уште не си го запознала вистинскиот.“ „Побрзај.“ Лиз Миел вика, „Само затоа што имам способност да направам нешто, не значи дека морам, можам и пожари да правам, па нема, неодговорно е.“

Десет винтиџ хорори за гледање во октомври

Пред 50 години, хорор филмовите беа за никаде - а од оваа перспектива е уште полошо со оглед на тоа што сме во ситуација на „сѐ видено“. Технички беа ограничени, со пуста желба да преминуваат граници со мали буџети, па филмаџиите беа приморани да ја пуштат имагинацијата на најјако.

Торба во чест на црните жени

Како ги викате тие истовремено грди и корисни ташнички за на струк, педерки или бубрежиња? Смееме ли да кажеме „педерки“ во 2020? Имате ли предлог за подобро решение?

Видете го трејлерот за „Вештерки“

Личи детски, ама тоа не значи дека возрасни нема да можат да се изнауживаат. Кога ќе собереш на куп дека режијата е на Земекис, дека сценарист е Гиљермо Дел Торо и глумат Стенли Тучи и Октавија Спенсер, излегува дека најјакиот период во годината ќе биде забавен и за неколку генерации.

Шанел СС21 беше љубовно писмо до ѕвездите од филмското платно

Виржини Вијар дава нова надеж за живот после корона.

Спремни за есен со нов бран?

Корона фешн страјкс аген.

По стоти пат - мрежаста маска не штити од корона

Не штити ни од плукање, не па од корона. Но, Лана Дел Реј си се појави на поетско читање баш со таква.

Па, бар да беше убав фустанот

Гучи има фустан за мажи. Мислат дека затоа што ставиле маж во фустан, ќе им помине оваа навреда за очи. Денешницава ни е многу занимлива, историски важна и предизвикувачка. Само што, хомофобите и ним сродните категории не можат толку да најдат замерка на сите нивни омилени теми за замерки, колку што ние можеме да замериме за ова грозно фустаниште.

Гледајте „Емили во Париз“ на Нетфликс

Критичарите ја мразат, на Французите им е глупа, а публиката е поделена: едни се воодушевени, други пискаат дека е нереална. Ама поважното прашање е кога секаде, ама секаде пишуваше дека серијата ја создал Дарен Стар (Sex and the City, Younger), што очекуваа - Бергман во Париз?

Штетноста на машката привилегија за жените, објаснета во книга

„Филозофот на #MeToo“, како што ја нарекуваат Кејти Ман, ја објави книгата Entitled, каде што на многу сиров и непријатен, но успешен начин ја дискутира подреденоста на жените во општеството и проблемите од каде што таа произлегува.

Криси Тиген сподели дека го изгуби бебето, без разлика што знаеше што ја чека на интернет

Прашањата и „добронамерниот фидбек“ од бесчувстителни корисници на интернет се одраз на она со кое жените се соочуваат и во реалниот живот.

Вистинската приказна за Мари Лаво, вуду-кралицата од Њу Орлеанс

Позната е како вуду-вештерка од Њу Орлеанс, но дали била навистина толку мистична и зла како што ја претставуваат на филмови и серии?

Парфемот на Авон од 1200 долари

Авон е познат по пристапните цени и на сајтот и во каталозите можат да се најдат парфеми од 17 до 50 долари, па избор има за секој џеб, но - излегува дека цената на еден парфем е правопропорционална со желбата на луѓето да го имаат.

Помагањето на планетата е полесно отколку што мислиме

Во ред, не можете да се откажете од одење на работа со кола и реално, немаме функционален систем за рециклирање како во поразвиени држави. Ама некои работи може од дома.