Имаме новопронајдена почит кон стенографи

Не дека секој ден од животот мислиме на стенографите или општо на нивната професија, ама кога ќе видите на кој принцип тоа функционира, ќе ве заболи глава.

Базфид објави видео на Инстаграм, каде што една девојка објаснува на кој принцип функционира машината што се користи по судови и ако некој нешто разбере (а немал до сега допир со ова), нека се пријави.

Па уште го објаснува божем - еве лесно е тука ви се едни букви, тука други, вака се прави „Ф“... 

Кој има апче за глава? 

14 октомври 2020 - 00:00