По стоти пат - мрежаста маска не штити од корона

Не штити ни од плукање, не па од корона. Но, Лана Дел Реј си се појави на поетско читање баш со таква.

Фановите ја критикуваа Лана Дел Реј за светкавата плетена маска што не успеа да ѝ ги покрие носот и устата.

Се појавила како изненадување на поетското читање и читала од нејзината нова колекција, Violet Bent Backwards Over the Grass, и позирала со фанови во продавницата на Барнс енд Нобл во Лос Анџелес „покриена“ во haute couture рибарска мрежа.

Откако се објавија слики, веднаш ѝ упатија критики дека е неодговорна и дека избегнала да го покрие лицето како што е препорачано.

Нејзината сестра, Чак Грант тврди дека Дел Реј се тестирала, била негативна и цело време била на два метра оддалеченост од фановите, што е малку глупо за кажување кога веќе има слики на интернет каде што е гушната со возбудени ентузијасти за поезија.

А можеле да кажат дека е направена од прозирен, непропустлив материјал, меѓу дупките. Сите ќе поверувавме.

Инаку, на истиот настан зборувала и за плановите за објавување на новиот албум, Chemtrails Over the Country Club во ноември или декември, а нејзиниот последен, Norman Fucking Rockwell! беше прогласен за албум на годината во 2019 од повеќе публикации.

Сѐ тоа супер, уште да се научи дека со мрежасти хулахопки преку глава не се штитиш од корона.

6 октомври 2020 - 13:37