Уживање, не затоа што ќе гледате уметност и уметници, или зашто ќе чуете нешто мудро. Дечките и девојките се толку прекрасно неотруени од „јаките“ Јутјуб фаци, што без разлика на нивните милиони, само им ги гледаат тетоважите дадени за пример и се трудат да им ги прочитаат често моронските имиња.
Плус, ѕирнете го како каталог на шарени ликови што се далеку позанимливи за дружење и гледање од тие што ги коментираат.
И какво колективно воодушевување од најглупата тетоважа!
И вечното прашање, кога ќе се најдеш на сред плукање лик што заработува од платформи што ги немаше до пред 10 години: „Може ние сме глупите, овие прават милиони, ние седиме тука, збориме за нив.“
Цареви.