Како да бидеш Гучи модел

Та не сме саде ние што дигаме веѓа на најновите псевдо-правци што се обидува да ги протури Гучи.

Морган Пресли (не се секирајте ако не ја знаете, ТикТок и Инстаграм лик е во прашање) совршено добро ја сконтала новата естетика на Гучи.

Ако ви текнува, во 2018 Гучи влезе во надреализам, за после да нѐ почасти со бапско шик, па да се врати на голема врата преку миленијалците

Од скоро, со ентузијазам левел „кај и да е ќе добиеме Нобел“, ни прикажаа валкани (ама буквално) патики, и најновото што ни ги избезуми сите сетила и ни го вознемири цело чувство за естетика - карираниот фустан.

Не дека не знаат да убодат, има и вакви работи, но она што на Гучи им привлекува внимание како структура, најфино се доловува во едни илустрации инспририрани од нив, што ги имавме тука, а сега Морган Пресли, со наједноставни потези на свет, го постигнува истото.

Сега може секој.

(После има и Лејди Гага и уште, и сите се одлични)

 

12 октомври 2020 - 21:57