Зошто миленијалците обожаваат Гучи?

Ако немате 16-25 години, може и не ве стигнала ова информација. Ама прашајте го првиот најблизок во таа возрасна категорија - и ќе знае - миленијалците обожаваат Гучи.

Во првата половина на 2018-та, продажбата на Гучи двојно се зголеми, а 55% од таа продажба е заради потрошувачи помлади од 35 години.

Зошто?

Затоа што открија дека е многу паметно да се ребрендираш во компанија што се грижи и за вкусот на младите. Затоа што откако во 2015-та го прибраа Алесандро Микеле, ги научи дека е фино, од бренд посветен на елитата (како Џеки Кенеди на пример, што има и ташна со нејзиното име), да станат бренд што соработува со млади дизајнери, што прави улична мода и користи мотиви од поп-културата.

И, како да не ги забележат миленијалци, кога прават вакви работи?

Сега логото на Гучи претставува многу повеќе од луксуз и богатство, а на миленијалците (и на некои попови) тоа одма им одговара.

5 ноември 2019 - 00:47