Дали е формата идиотска? Да. Дали тоа треба да ве спречи да си ја сакате? Не.
Еве да речеме дека лани беше годината на идиотски-малите ташни и пројдоа, си почувавме по една кика-бонбона внатре, супер заврши. Сега е можеби ред на нешто ново и неприкладно, како новата ташна од Гучи.
Оваа непријатно кабаста креација е на Алесандро Микеле. Личи на минијатурен циркуски шатор. Ти пречи ако ја ставиш на подолг каиш и преку рамо.
И ако е сѐ ова точно, тогаш како е можно да е толку убава?
Те тера сериозно да размислиш да си ја продадеш колата и да инвестираш во неа. Се затвора со она фино стилизирано копче и виси прекрасен клуч од нејзе со логото на Гучи.
Кога ќе одиш со нејзе до работното место каде што годишната плата е еднаква на сумата што си ја дал за ташната, некако подруго ќе биде.
Имаш свој, приватен, готски циркуз во рака. Се заклучува.
3800 долари се 3453 евра, делено на 12 месеци… 287, да бе, добра си е пресметката.
Шала на страна, Гучи доживеа нови височини во последно време, што поради љубовта што масовно му ја упатија миленијалците, што заради сериозното уметничко дело што го направија од каталог, меѓу другите работи. Стигнаа и до некое дно, особено кога осмислија ревија врз основа на проблеми со ментално здравје. Со оглед на тоа каков гигант е, нема ни потреба од докажување вредност.
Особено кога ќе покажеш дека си спремен да чекориш заедно со ова лудачко време кога уличната мода во Милано вклучува боксерици.
Макар и со ташна во форма на готски шатор.