Океј, не сите. И далеку од тоа дека Њујорк беше лош. Напротив, заклучокот беше дека
„Две опции се можни кога ќе сфатиш колку е СÈ дозволено. Или да уживаш, или да се акнеш од ѕид. Првото е боље.”
Ова и за Милано важи. Со тоа што, само Милано извади лик по боксерки.
Еве си ти, за до Веро:
А еве си ти, кога мајка ти те кара дека „не се оди така издрпан на работа”.
По папучи бе, реков јас, до продавница. Добро е.
Почнуваат да не личат на „за по дома” и еве ја таа феноменална комбинација што е модерна во последно време, каде што спојуваш спортска (еве Најки) маица и класични панталони. Предобро.
Вие „А што ќе им правиш на тетоважите кога ќе остареш и ќе се збрчкаш”, никад нема да бидете јаки како женава тука:
Дајте сè:
Кога Вуди Ален би бил жена, а тоа што секогаш го носи би изгледало подобро:
Чизмите:
Ова да ве замолам некако да не ѝ го покажувате на мојата модно освестена мајка. Има едно вакво од '90-ти и ме убедува дека е добро (очигледно може да биде) и ја се расправам дека не може:
Кој ти вика дека материјалчето што останало од времето кога шиела баба ти не можеш да го искористиш во 2018-та?
Јас ти викам, ама тоа не значи дека некој ќе ме послуша:
Топ:
Тооп.
Wes Anderson was here:
Блазеси им на луѓето што имаат осет да излезат во металик панталони, дезенирана кошула и уште една шарена, версачевидна кошула врз тоа.
Не. Уствари што па јас не. Ѝ се може, и ужива.
Да:
Цар.
Цааар.
Како да си играл со класика во фотошоп и тоа со бои:
Панталоните и сакото да му ги имам:
И капутот:
И вака да се облечам:
Гледате како нема правило, а очигледно веќе нема ни пол. What a time to be alive.
Јана