Кој би рекол дека тој лесен, светол тексас со бели штепови ќе види бел ден баш околу овој настан? Што би рекле мртвите дизајнери што нонстоп ги цитираме на грдата лаванда ташна од лево? Ташна ли е воопшто?
Небитно, затоа што живееме во време на „прави што ти е добро и облекувај што ти е удобно”. И тоа е сосема во ред.
Сепак, онаа најдесно ќе поминеше подобро без сакото, ама ДОБРО! Добро. Прави што ти е удобно.
Следните три, ако не и четири фотографии смируваат тахикардија малку, со оглед на тоа што не горат очи за нас модните пуританци што милуваат црно, горе затворено доле отворено и обратно и никако поинаку, класика, линија, и други термини што новиот свет ги направи не-важ-ни.
Видете првово што е фраерско, само заради една единствена искршена линија преку средината на телото. Можело да биде спотот за „Ден и ноќ” на Елена Ристеска (така ли се викаше песната?) ама не е. Има асиметрија и одма е јако.
И покрај мојата нетрпеливост кон карирано, ова скроз функционира.
И ова, најскроз. Вакви „безобразлуци” (каков пуританец глуп сум јас) со везен бомбер и божем панталони „за на работа” и кропната маица и ништо-фризура ми се добри.
И овде само јакната ми е добра (рековме, можеби првите четири слики, не мора да значи), ама главно, ако се загледа човек, ова е многу слично комбинирано како претходното, само што - не е исто, сепак.
Е сега, без разлика што овие постер чилдрен за денешното време, генерација Z и сите други термини што важат за младите денес ги допираат сите пуритански точки (црно, обично, итн.) ова е крајно досадно. А дошло до медиум, не му е проблем. Веројатно затоа што фотографијата е добра. И страшна. Како втор дел од Funny Games (филм што не треба да го гледате) се.
Назад на јако. Некогаш треба многу малку за да биде јако. Ама многу малку.
А некогаш игногираш колку карирано и пижама има на сликата и решаваш да ја испочитуваш заради проѕирните чадори, затоа што ете така, јако изгледаат, особено длабоките, особено што на едната и одговара со розевата пижама, свака час.
Безобразно грда и крајно нослива ташна на Фенди што не те разбеснува како безобразно грдите и крајно неносливи ташни на Баленсијага. Бикоз Фенди.
Овде не знам. Не знам, овде нешто функционира, не знам точно што. Може затоа што девојчево нашло начин од глупости да направи аутфит и тоа да биде доволно добро за Фешн вик, може комбинацијата на нијанси што соработуваат меѓу себе, а може и дека споила удобност од кревет со шетање по улица и тоа сè фино изгледа.
Не знам, ама еве го пак. Мислам дека е до ресите и до чизмите. За сељачишта ко мене тоа функционира.
Ова го избрав заради таа во средина, затоа што е облечена како мене, со таа разлика што јас таа тутун накај кафеава боја не ја фаќам, ама па видете го тоа пењоарот и таа маица во која што може да се спие под него. И таа не-коса. Супер е.
Панталоните, јес. По прслук на улица. И божем јакна. Не може боље. Добро, може, ама зошто да се мачиш со маици. Наочарите топ.
Ташната.
Е вака, ова. Лево е во ред. Не морам јас, ама во ред е. Десно? На тоа се однесува воведот во статијава. Да се радуваш, или да се акнеш од ѕид?
Решив да се радувам.
Ако паднам со дух од жутоно, тогаш барем ќе го гледам ова. И ќе се радувам што некаде по свет постојат луѓе што имаат осет за ова да го сложат.
Кхм. Се радувам...
...
Ах. Конечно. Одмор од овие две погоре, и тоа со машка кошула каде што отсекогаш требала да биде. На жена. Со сечени фармерки што не ми се свиѓаат. И одличен синџир на неодлична ташна. Па што ако. Се радувам.
За оваа ташна зборев тука, среќни се тие што ја имаат.
Дали е можно (најдесно) да се вратија тие језиви рибарски капчиња од 2000-та? Можно е. Не ме ни нервира. Нема да ја допрам, ама не ме нервира.
Колку многу СМБ. Безобразлукот овде е што не дозволила ништо да му смета. Инстинктот вика разбиј монотонија, инатот вика не може. Супер е тој инат, особено овде.
Шнолата. Зошто да не thanks, бе? На фешн вик е. Сигурно има за што да биде благодарна во животот. Занимливо.
Се мачам да ми текне на кој филм видов вакво помаранџасто, а во меѓувреме сакам да го поздравам што е очигледно вештачко, и заради тоа да ѝ го простам рибарското капче и сукњата со пламени. Кошулата ми е добра. А бундата, да, врв, само да е друга боја. Помаранџасто треба да се забрани со закон.
И за крај, еден времеплов - девојкава е како дојдена од друга ера, кога розеви и жолти мрежи над веш не беа за на улица. Овде е заради црната врвка што прави контраст на долниот дел од панталоните и белите чизми и затоа што успеала да носи бели чизми без тоа да биде проблем.
Фини улици по тоа Њујорк.
Јана