Бапско-шик?

Постои ваква категорија и има крунски моден додаток со кој ќе влезете во неа. Крунски, бапски, како сакате.

Не се знае дали е криење од папараци или фешн стејтмент, ама „бабушка”, или врзаната шамија што Американците ја нарекуваат така затоа што само руски баби имаат видено со нејзе - замислете, станува додаток што наводно мора да се има во плакар. Ова нам ни е преблиску до дома, со оглед на тоа што нашиот дел од светот уште не е доволно оддалечен од природата на овој стајлинг доволно за да му се „врати” како мода, ама тоа чувство не ги фаќа Кендал Џенер и Клое Севињи, на пример.

Шамија можете да си купите и со привлечна етикета: Гучи, Кристофер Кејн и Баленсијага веќе се инспирираат од фиоките на балканската баба.

Еден рапер.

Инаку, Севињи има еклектични модни афинитети и му дава сопствен твист на трендот што најверојатно ќе го рипне Балканот. Замотана е во стилот на Софија Лорен, плус капут Симон Роча, фармерки и црни чевли.

А вие, ако најдете жена од нашиве краишта која храбро ќе ја залепи марамава како моден детал изваден од носија, кажете, да ѝ го видиме Инстаграмот - затоа што тенка е линијата меѓу старлета и баба кога ќе врзеш марама.

10 април 2019 - 00:00