Веројатно се сретнале на Мет галата во 2011, па на уште неколку настани потоа и оттогаш се дружат. Макартни ѝ се поклонува на Шерман со обожавање, а Шерман не прифаќа и се срами. И пред три години ѝ дава пристап до архивите на брендот и ѝ кажува да прави што сака со облеката.
„Ни беше гајле за причината, дали ќе биде за реклама или за нешто друго,“ вели Шерман. „Немавме ни бизнис план,“ додава Макартни, „Затоа и мислам дека функционира.“
Резултатот е соработка што ја инспирирала последната серија на Шерман: десет големи ненасловени дела кои треба да се изложат во галерија во Њујорк. На фотографиите, Шерман позира како ликови кои предизвикуваат фиксирани идеи за родот и често се појавува сама во вид на пар, каде што секој е облечен во дело на Стела Макартни.
Целата галерија тука.