Плус, на вакво идеално време можеш барем малку да се дотераш, во повеќе слоеви, наместо да се шеташ во партал, затоа што не можеш да поднесеш повеќе. И за дотерување на дожд, Ботега Венета извади гумени чизми што би ја направиле размочаната скопска есен уште поподнослива.
Направени се од биоразградлив материјал, ги има во пет бои, и ја немаат вообичаената форма на гумена чизма, туку дизајнерите поиграле со заоблена форма, па дури и се граничи со Крок чизма, само сепак, не е толку грда. Добро, малку е грдо, ама влегува во таа категорија каде што може да се искомбинира со нешто јако и да функционира.
Личат и на гумените чизми на Селин, каде што дизајнерот на Ботега Венета, Даниел Ли има работено некое време, ама нема потреба да се жалиме, кога веќе ги враќаат во продажба.
Има потреба да се жалиме што се 650 долари.