И онака сме веќе согласни дека 2020 е чудна година, што фали да се помириме дека има фустан со „вградена“ маска? Барем нема да ја забораваме сега.
PrettyLittleThing во продажба пуштија мал, црн фустан што освен тоа што изгледа добро, всушност е хибрид од маска и фустан.
Се продаваше за смешни 15-тина евра и се распродаде.
И за разлика од грдиот, кариран фустан на Гучи што се меша во други, поинакви трендови, овој не е ни лош воопшто. Да се надеваме дека ќе има уште, и ако има уште дека ќе може да се нарача.
Инаку, некој се снашол и веќе го продава на иБеј за 50 евра, па како сакате.