Можно е модната недела да си остане виртуелна

Последните четири недели се случуваше најнадреалниот моден месец во историјата. Пандемијата принуди многумина (меѓу кои и уредници, купувачи, инфлуенсери и сѐ останато) да се откажат од аџилаците што ги прават два пати годишно до Њујорк, Лондон, Милано и Париз и да го изиграат модниот месец преку екрани.

Не се сите воодушевени од ваквото ново нормално и главно жалат по чувството на заедништво и спектаклот на физички остварлива модна недела, но според Sustainability by Design: Rethinking New York Fashion Week - извештај на Советот на американските модни дизајнери, кој се јавува како организационо тело на Њујоршката модна недела - дигиталните модни ревии може да станат нешто на кое и во иднина ќе треба да се навикнеме.

И не е ни до короната.

Поврзано е со другата егзистенцијална закана со која се соочуваме - климатската криза. Во извештајот се нуди целосен осврт на влијанието што настанот го има два пати годишно на локалната и глобалната околина, со навлегување во детали од продукција, логистика, транспорт и односи со јавност.

Заклучокот е дека типична Њујоршка модна недела создава ненормални 480.000 тони јаглерод диоксид, за што главно е виновен авионскиот транспорт на гостите до и од настанот. Сместувањето е на второ место како најзначаен избор на емисии - 1480 тони јаглерод диоксид по сезона. Накратко кажано, јасно е дека најголем проблем за продолжувањето на модните настани онака како што сме навикнати се луѓето што се појавуваат на нив.

Следната модна недела што треба да се случи во февруари, повторно ја спремаат со виртуелни настани за учесниците од индустријата, а деталите дополнително ќе бидат познати во јавноста.

12 октомври 2020 - 22:40