Личи детски, ама тоа не значи дека возрасни нема да можат да се изнауживаат. Кога ќе собереш на куп дека режијата е на Земекис, дека сценарист е Гиљермо Дел Торо и глумат Стенли Тучи и Октавија Спенсер, излегува дека најјакиот период во годината ќе биде забавен и за неколку генерации.
Главната вештерка, која во 1990-та ја глумеше (и тоа врвно) Анџелика Хјустон, сега е Ен Хатавеј, со уште еден жален акцент што не ѝ личи, ама секако е забавна. Причина плус да се чека филмот - адаптација е на романот со ист наслов, на Роалд Дал.