Криси Тиген сподели дека го изгуби бебето, без разлика што знаеше што ја чека на интернет

Прашањата и „добронамерниот фидбек“ од бесчувстителни корисници на интернет се одраз на она со кое жените се соочуваат и во реалниот живот.

Кога објави дека го изгубила бебето на Твитер и Инстаграм, Криси Тиген знаеше точно што следува. Се разбира, имаше очекувано истурање сочувство и емпатија и за загубата и за тоа што ја сподели својата сирова болка во еден храбар гест, но под сето тоа се појави исто така очекувано гнездо на бесчувствителни коментари и прашања.

Зошто не отиде порано во болница?

Дали го исценира ова за внимание?

Колку може да си била вознемирена, што си позирала за фотографија?

Отворениот пристап на Тиген на социјалните мрежи е она што ја направи популарна на интернет и не се срами да покаже ранливост, или реалистично да се претстави како мајка со кариера.

Пред да ѝ се случи ова, имаше објавено слика од себе во када, со ќерка ѝ зад нејзе и коментар „секој ден ми спрема топла (не врела, смирете се!) купка и не дава сама да си ја мијам косата. @johnlegend, како можевме да имаме толку среќа со Лулу?“

„Не врела, смирете се!“ се однесува на температурата на водата, а го кажува заради советите бремена жена да не се бања во многу жешка вода затоа што тоа може да доведе до паѓање на притисокот, недостаток на кислород за бебето, спонтан абортус или дефекти од раѓање.

И свесна беше дека ја чекаат да ја критикуваат, да ѝ кажат како се бидува трудна и се разбира да истакнат како не се прави кога си трудна. Од тие причини и веројатно немало многу простор за изненадување кога почнале прашањата, обидите да се најде причина и вина, без разлика што самото објавување во јавност е храброст, исто како што е храброст и да одлучиш да не кажеш на никој. Исто како што и да се преживее прекинување бременост е храброст.

Некои од Твитер профилите што отворено ја нападнаа беа за среќа исклучени. Но, имаше и навидум безопасни коментари, прашања и „помагања“, кои се непријатно потсетување за она што луѓето како нејзе мораат да го трпат во вакви ситуации.

Злобни микроагресии маскирани во загриженост: Да не пиеше многу кафе? Да не креваше нешто тешко? Не јадеше суши, нели? Или, „не се секирај, не си ти виновна,“, кога за вина воопшто не станува збор.

Тажниот факт на спонтаниот абортус, нешто што придонесува и на жалењето отпосле е дека во во мнозинството случаи е едноставно, лоша среќа. Нема кој да се обвини. Нема причина што може да се истакне. Познато е и дека е многу тешко жената сама да си предизвика спонтан абортус. Понекогаш кога престанува да работи срцето, на телото му се потребни недели да го започне процесот на дозволување фетусот да го напушти телото.

Како и да е, на овој начин почнува лов на причини и префрлање вина, што обично паѓа врз личноста што го носи бебето.

За тоа дали Џон Леџенд тестирал сперма никој не праша.

Како резултат на тишината околу спонтаниот абортус - документиран во безбројни колумни, документарци, книги и статии - имаме недостаток на едукација околу него и причините за него.

А без тоа знаење и разбирање, се нанесува повеќе штета, а со сѐ поголемиот број на жени што се соочуваат со депресија после загубата, пост-трауматски шок и други трауми, ова е реална, опиплива последица на таа тишина.

Инаку, октомври е месец на подигање на свеста околу сѐ што се однесува на губење на бременоста.

2 октомври 2020 - 12:33