Откако се поздравивме со вакви тривијалности што сигурно нема да го сменат светот, еве го новото: Д Кат тврди дека една нова ташна е апгрејд на тажното бубреже од ’90-ти што се врати на голема врата последниве години и е соработка меѓу Теиша Андерсон и еден њујоршки бренд, Ашја. Додека торбите за на струк повторно добиваат клоца во правец на минатото, Андерсон и Ашја осмислуваат нова и пософистицирана варијанта - хибрид од ташна за преку рамо и ранец - што може да се носи на повеќе начини.
Се вика Шима Слингбек, по мајката на Андерсон - Ташима. Идејата зад нејзе е всушност она што се важи - дизајнерите со нејзе сакаат да им направат чест на црнкињите насекаде низ светот.
„За нас, претставува наследство, црн израз и посветеност на себе, и е одраз на нивото на елеганција, грациозност и свесност, врз кое се гради оваа соработка.“
Се изработува во Њујорк Сити, со кравја кожа потемнета со растенија - метод кој е одржлив и користи органски материјали и природни потемнувачи. Процесот не само што ја прави трајна, туку и на овој начин, производот убаво старее.
Ќе има само 10 вакви, што ја објаснува цената од 1295 долари.