Шанел СС21 беше љубовно писмо до ѕвездите од филмското платно

Виржини Вијар дава нова надеж за живот после корона.

Меѓу сите нешта за кои Шанел е синоним, за оваа колекција истакнуваат дека е тесно врзан со Холивуд, париски гламур и убавина и најдобрите парфеми во светот. И ако Лос Анџелес гим а „Холивуд“ буквите, Париз го има Шанел.

Паралелата е намерна: како уметнички директор, Виржини Вијар објаснува дека шоуто се врти околу актерките, околу црвениот тепих и моментот кога ги довикуваат фотографите - „нивните лица се малку расеани, однесувањето им е малку несинхронизирано со облеката што ја носат.“

2020 беше катастрофална за кината и филмот воопшто, и блескавите премиери и церемонии со награди паузираат на неодредено, а ние (сосе главните актери) седиме дома и ги следиме на Нетфликс.

А сепак, има нешто оптимистично во самата идеја за гламур, и новата колекција на Шанел токму во тој однос дава надеж дека можеби наскоро „ќе можеме да заблескаме надвор во полн сјај.“

„Мислев на актерките што толку многу нѐ инспирираат да сонуваме,“ додава Вијар. „Но без да сакам да копирам, без да влезам во репродукција на винтиџ. Сакав да биде весело, шарено и сјајно.“

И како резултат на ова размислување, ова ѝ е една од највеселите колекции до сега. Розеви џемпери со како нацртани црни линии, твидови што личат на бомбер-јакни во комбинација со бермуди, неонско лого, и на крај монохроматски класики и вечерни комбинации како за во Кан.

Нека заврши короништево, и одиме на кафе со сите бисери, чизми и all that tweed.

7 октомври 2020 - 13:40