Парфемот на Авон од 1200 долари

Авон е познат по пристапните цени и на сајтот и во каталозите можат да се најдат парфеми од 17 до 50 долари, па избор има за секој џеб, но - излегува дека цената на еден парфем е правопропорционална со желбата на луѓето да го имаат.

Има и приказна позади ова. Парфемот Charmed, кој излегува на крај на октомври е славење на 134 години Авон и луксузот ја рефлектира токму оваа пригода. Шишето е композициски и естетски неверојатно, а патем, дел од цената се должи и на тоа. Паун со 18 карати позлата, застанат на столб, со опашка украсена со 21 Сваровски кристал, доаѓа во преубава, дрвена кутија.

Парфемот (поточно, парфимираната вода) внатре е базиран на роза, јасмин и пачули, со земјени ноти, дури и навестувања на тутун.

Ако ви се зема кредит, Charmed излегува на крај на октомври и во продажба ќе пуштат само 1886 шишиња - трибјут на годината кога е основан Авон. Ако сте сериозни, има и листа на чекање.

30 септември 2020 - 09:13