Татковски проблеми

„Какви ми се веѓите, тато? Какви се? Добри се? Добри ми се веѓите, тато?“

Што треба да знаеме за луѓе со високо-функционална депресија

Депресија е чадор-термин за повеќе состојби, меѓу нив и „глумецот“ наречен високо-функционална депресија, која „нема шанси да познаеш“ дека некој ја има.

Глуп твит на денот

Ова е од оние што газат по тенка линија - сериозен ли е, заебанција ли е? Морон или трол? Чувството на пораз настапува кога ќе ти текне дека многумина ќе се согласат дека „да, така треба“.

Иде нов документарец за одмаздата на принцезата Дијана

Реалното шоу наречено Британска монархија станува жанр.

Унилевер го отстранува зборот „нормално“ од амбалажи и реклами

„Нормално“ надвор од контекст личи наивно. На етикетата на еден производ за разубавување сепак има поинаква конотација.

Каква врска имаат вештерки со пиво?

Жените владееле со пивската индустрија додека не почнале да ги обвинуваат за вештерство.

Класиците и некои нивни баснословно глупи корици

Фразата „Не ѝ суди на книгата според корицата“ овде не може да е поточна. Дијаманти на светската книжевност добиваат морони од дизајнери за корици, па резултатот е, во најмала рака - фасцинантен.

Ќе има „Powerpuff Girls“ серија

Возбудливо за сите што пораснаа со еден друг Cartoon Network и што беа Блосом, Баблс или Батеркап во друштво.

Принцот Вилијам е очаен после интервјуто

Официјалната изјава е дека е „devastated“, така што, поточно би можеле да кажеме дека е срозан.

Заборавената модна колекција на Амелија Ерхарт

Амелија Ерхарт е и легенда и мистерија. Освен што е првиот женски авијатичар што го прелетува Атлантикот пред да ѝ исчезне авионот во 1937, имала и други проекти - била социјален работник, советник за кариера во аеронаутика, новинар, мотивациски говорник, рекордер и, како што сега дознаваме - моден дизајнер на сопствената линија - Amelia Earhart Fashions.

Неподносливиот комплекс на жртва на Меган Маркл

Интервјуто кај Опра беше емотивно манипулативен перформанс дизајниран да се консолидира моќта на Хари и Меган.

Долче и Габана бараат над 600 милиони долари оштета од Диет_Прада

Поднеле тужба и би сакале Диет_Прада да им ја покрие претрпената штета во продажба и слично со над половина милијарда.

„Американска хорор приказна“ ќе извади спиноф

Ќе се вика „АмериканскИ хорор приказнИ“.

Пазете се од џиу-џицу суфражетки

Глазгов, околу 1914 - нервозата во халата Сент Ендруз расте. Јата суфражетки и полицајци ја чекаат најважната жена во тој момент, Емелин Панкхерст да се појави, а потоа и да се бори против сопственото апсење. Тензијата е толку густа што може да се сече со нож. Или да се скрши со карате-потег, како и во концептот што го имало тајното женско друштво на феминистки, The Bodyguard. Умни и во корсети - можеле да превртат маж како палачинка.

За „Добрите девојки“

Некогаш, наместо на терапија, суштинските животни филозофии се решаваат со другарки.

Порелаксирано по дома во 5 чекори

Одиме и на работа и во теретана, и заглавуваме во сообраќај и седиме по чекални - не може секој простор каде што ќе се најдеме во текот на еден ден да биде совршен и опремен по наш вкус, ама дома - може.

Какво било идеалното тело низ историјата?

И вака фино најадени и уседени дома, на кој век му припаѓате?

Психопати и социопати објаснуваат што им се случува во глава

Има едно погрешно сфаќање, раширено поради телевизија, филмови и книги (па и сликичкава од Ханибал Лектер овде) - дека психопатите се по дифолт убијци, или на друг начин посветени на нанесување зло. Реалноста е дека ова е далеку од вистината, со оглед на тоа што 1 од 100 луѓе ги исполнува клиничките критериуми за психопатија. Да беа сите психопати насилници или убијци, стапката на убиства ќе беше до плафон.

Вака изгледа кога давате совети што никој не ви ги бара

Го знаете оној момент, ви ѕвони банката по 18-ти пат за рата за кредит, или, што знам, државата нема набавено вакцини против Ковид, а земјите што ги користите за мајтап во муабет -имаат; и одеднаш, се појавува токсично-позитивен лик и ви вика - „А бе, само треба да ги отфрлиш негативните мисли и да веруваш дека заслужуваш, и ќе биде.“? Ви текнува? Е па, вака изгледа тоа.

Дали ги имате надраснато пријателите?

Ако ви се чини дека ги надраснувате пријателите, или сте се нашле во ситуација да се оддалечите од некој што претходно ви бил скроз погоден, тогаш можно е да се менувате - цели, личен развој, зрелост и точно знаење што барате во некој што го нарекувате пријател.

Зошто е тешко да се расправаш со глупи луѓе?

И како е можно да се упорни дека се во право, и да се уверени дека се паметни, без разлика што нивните зборови и дела укажуваат на спротивното?

Дали ова значи дека треба да се престане со оние забави за откривање на полот?

Иден татко загинал во експлозија спремајќи направа за откривање на полот на нероденото бебе. Кристофер Пекни имал 28 години, а неговиот брат кој бил повреден во експлозијата имал 27.