Какво било идеалното тело низ историјата?

И вака фино најадени и уседени дома, на кој век му припаѓате?

На формата на телото се кеширало отсекогаш. Во ‘90-те на Твиги, денес на Тес Холидеј, ама сепак, секогаш важи фактот дека сме жртви на мода и среќни се тие што го гаѓаат моменталниот тренд. Ова не важи само откако има масовни медиуми - и во средниот век имало што е прифатливо, а што не.

Излегува дека сме победници само ако го прифатиме веќе излитеното, милион пати кажано и во илјадници женски списанија продадено - сакај го сопственото тело.

Држи го здраво, се разбира, и прифати го.

На пример, дали знаевте дека во античка Грција било модерно она што периодов си го приредивме откако одлучивме дека и оваа година нема плажа? Жените во овој период инаку, физички се сметале за изместени верзии на мажите.

Патем, трендот што уште се држи (плус-сајз и сите негови варијанти) може да добие на шарм ако се нарече и „ренесансен“ - истото што важи сега, важело и во Италија од 15-18 век. Може да биде и „викторијански“, со тоа што ќе имаме потреба од криолиполиза.

А ако е Лореал во право и ако нѐ чекаат нови разуздани ‘20-ти, и ако се врати и таа мода, тогаш, тешко на тие со големи гради:

4 март 2021 - 00:00