Тес Холидеј како олимписки јавач на социјалните трендови

Што значи да се јаваат трендови? Значи да кешираш на популарност приклучувајќи се на која и да е кауза што во моментов ја пропагираат борци за социјална правда.

Тес Холидеј ја начнавме еднаш, поточно се согласивме со муабетот на Никол Арбор на која што, како и на нас, ѝ дојде преку глава од трескање глупости во јавност, пред деца што многу лесно паѓаат под влијание. Имено, тогаш пишавме:

Ама Тес Холидеј не е Ешли Греам.

Тес Холидеј има 130 кила и метро и шеесет. Не е проблем што е така, затоа што на крај сèсе сведува на „она си знае.”

и

…огромна е разликата меѓу промовирање „боди позитивити” и промовирање гојазност.

Никол Арбор рече:

„На страна нивната машинерија за лажни вести каде што фактите не се битни, а зборовите на славните личности се извртуваат за да се направи драма… Ова е апсолутна бесмислица.

Боди позитивити значи да бидеш позитивно настроен кон своето тело со јадење здрава храна и вежбање. Насловнава е велелепно срање.

Ова е гојазност, симптом на подлабок проблем и не треба да се промовира. Ако не па, ставете пушач на насловна, со игли во рацете затоа што штетење на себеси и зависност е штетење на себеси и зависност.

Но, списанието што се преправа дека ова е за жените, има совети за брзо слабеење внатре и сепак ја промовира оваа жена САМО заради нејзиното тело. Ја користат за пи-ар.

И ќе бидам многу јасна, радувајте се и гордејте со себе колкави и да сте (затоа што ние сме повеќе од нашите тела) и бидете јаки и со стрии или што и да ви се чини како несовршеност. Но ако активно предизвикувате штета на вашето тело… Тоа не е за гордеење и Космо, списанието за рушење на вредноста на жените, не може да ме убеди во спротивното.”

На сличен начин и Холивуд користи боја на кожа, убедувајќи нè дека конечно сите добиваат шанса, а паралелно продава карти како алва и само тоа е битно.

Овој пат, Тес Холидеј, да е жива и здрава, се качува на возот наречен „сексуалност” и себеси се декларира како - пансексуалец.

Дали смее човек да се сомнева дека откако крупните девојки конечно добија свој, каков таков, простор во медиумите, па веќе не е интересно, баш сега, пред истекот на Месецот на гордоста, Тес Холидеј решава дека е пансексуалка? Или премногу ќе бидеме хејтери со тоа што ќе предочиме дека повторно се злоупотребува маргинализирана група?

Којзнае.

Затоа што јавните личности што сакаат си прават, а јавноста тоа го голта како Пиковит сируп за деца. И затоа што такви како нејзе мораат да се напикаат во секоја манџа, кредибилитет губат луѓе што реално се борат со и за таа тематика.

Тес Холидеј е инаку, мажена веќе 4 години. Ама, што има везе. Сите сме све.

Објаснување и поддршка за пансексуалците - тука.

4 јули 2019 - 15:49