Од „плус” до „мега” има голема разлика

Plus-size полека се претвора во mega-size и тоа ни се случува пред очи. Од едната страна притискаат активистите, додека од другата нема отпор за да не се почувствуваат запоставено после толку години запоставување. И до кај стигнавме? До промовирање гојазност.

Промовирање гојазност е страшна работа, и тоа веќе го истакна Никол Арбор по кампањата во која беше вклучена Тес Холидеј, за која, сигурни сме дека е прекрасна, преубава и вредна - ама е нездраво дебела, извинете.

Брендот за облека Universal Standard ја претстави новата линија со наслов Foundation, а начинот на кој ја претстави, се разбира наиде на воодушевување на социјални мрежи.

Затоа што таму нема средина - или ќе те парчосаат или ќе те обожаваат. А се случува и да те обожаваат од погрешни причини.

И понатаму, објавија на Инстаграм дека ќе ги продаваат сите величини - од 00 до 40, што е супер, затоа што ќе има за сите.

Но, за да покажат колку се сериозни во своето поддржување на СИТЕ, за кампања ја искористија активистката Ла Шоне Стјуард.

И таа, како и Тес Холидеј е веројатно супер. Со тоа што, пак се враќаме на почетокот - промовирајте вие инклузивност колку сакате, ама екстремите не се здрави.

А инсистирање да ставиш жена што изгледа вака на промоција на нова колекција, само повеќе укажува на тоа дека сакаш да се качиш на Инклузивност Експрес и, познавајќи ја денешната публика - да се вивнеш во облаци од лајкови и интеракции.

Девојката од камапањата е инаку презадоволна. Твитер-корисниците плачат од радост што се претставени. Стратешки се искористува коментар на корисник што истакнува дека „откако се разболела и се здебелила е среќна што некој ја претставува во модниот свет,” парафразирано.

...

И анорексијата е болест.

Ама ако стават анорексична девојка во кампања? Што би било?

Никој не знае, никој не се осмелил. Затоа што анорексијата не изгледа убаво на слика, напротив, како и секоја болест, изгледа лошо.

Зошто тогаш се обидуваат да нè убедат дека спротивниот крај на спектарот е одличен и треба да се стремиме кон тоа?

21 ноември 2018 - 00:00