Унилевер го отстранува зборот „нормално“ од амбалажи и реклами

„Нормално“ надвор од контекст личи наивно. На етикетата на еден производ за разубавување сепак има поинаква конотација.

Со години, купувачите го гледаат зборот „нормално“ во контекст на кожа или коса што немаат атрибути што „бараат поправање“ - или, како што ќе пише Алур - како да е абнормално да имаш мрсна кожа или текстура на косата.

Унилевер ја препознава проблематичноста на зборот во денешно време и објавија дека ќе го отстранат од пакувањата и рекламите на сите брендови за убавина и лична нега.

„За жал, ‘нормално’ се користеше долго време во индустријата за убавина за да се креира стандард што се однесува само на една мала група на луѓе и опишува производи што не се за специфични потреби. Унилевер сака да го комуницира она што производот го постигнува - на пример, дека ја враќа влагата - наместо да диктира за кого е или да инсинуира пожелност или непожелност на одредени типови коса и кожа. Во основа, овој напор се прави за да се рефлектира поинклузивна визија за убавината.“

Отстранувањето на ‘нормално’ влегува под капата на Позитивната иницијатива за убавина на компанијата, која се залага за дејствување преку брендовите за да придонесе кон еднаквоста и инклузијата, еднаквоста на половите и подобрување на општата добросостојба преку иницијативи за хигиена и ментално здравје.

„Се разбира, ова нема да го отстрани проблемот, но веруваме дека е важен чекор кон поинклузивна дефиниција на убавината.

Не е наше да одлучуваме што е нормално. Наше е да обезбедиме најдобри производи за вашите потреби и грижа за себе.“

12 март 2021 - 11:43