Звучи како некаква феминистичка фикција, ама вистина е.
„Битката меѓу жените и полицијата станала погорчлива,“ објаснуваат новинарите од Бибиси Камила Руз и Џастин Паркинсон во 2015 во статија за разликите во ставовите на жените и владата во однос на борбата за правда. Суфражетките ги затворале и ги ставале во магичен круг кој полицијата го викала мачка и глушец, пишуваат Руз и Паркинсон. „Ги апселе и кога штрајкувале со глад со сила ги хранеле преку гумени цевки. Кога ќе достигнеле прифатлива тежина, ги пуштале со намера пак да ги затворат.“
Една од точките на вриење која водела до основањето на The Bodyguard бил „црниот петок“, протест кој се случил во 1910, со 300 жени кои марширале кон парламентот. Толку многу од нив биле нападнати и сексуално злоставувани - две умреле - што станало јасно дека мораат да научат да се бранат.
„Жените почнале да ставаат картони преку ребрата за заштита,“ пишуваат Руз и Паркинсон - и жените како Силвија Панкхерст и нејзината мајка Емелин почнале да бараат обука во боречки вештини.
„Сѐ уште не сме ѝ дораснати на полицијата и мораме вака,“ објаснила Силвија во еден говор. „Ви советувам да научите џиу-џицу… Не доаѓајте на состаноци без стапови веќе, и мажи и жени. Бескорисно е да се преправаме. Мораме да се бориме.“
На сцена доаѓа Едит Гаруд, џиу-џицу мајстор што почнува да ги обучува жените. Била прва таква инструкторка од запад и имала афинитети кон женското движење. Жените претходно имале мали палки и груби оружја за криење во шапки и жартери. Спремноста со џиу-џицу значела поседување на невидлива (и далеку побезбедна алатка).
Техниката се потпира на разбирање како да ја користиш тежината на противникот во сопствена корист. Терминот буквално значи „мека вештина“, како што објаснувала Гаруд, која самата била висока само 1.50 м. И велела дека е лесно како кога дете учи да оди.
Од печатот се разбира биле воодушевени. Ги нарекувале жените „амазонки“ и пуштале карикатури од сите настани. Наскоро потоа, 25-30 жени, кои имале волја сѐ да ризикуваат, се пријавиле да бидат „телохранител“ на најважните фигури на движењето. И фала богу што било така, затоа што на 9 март, 1914 морале да излезат сите и да ја спасат Емелин.
Денес, оваа насилна епизода се нарекува „Битката за Глазгов“, но не сме ја учеле на часови по историја. Се случила за време на протестот на суфражетките во Шкотска и полицијата нестрпливо чекала шанса да ја уапси Панкхерст која маскирана излегла како обичен учесник. Обуката што ја поминала за џиу-џицу ја научила многу во однос на уметноста на конфронтирањето и непријателската манипулација, и до моментот кога застанала на сцена, опкружена со маскирани „телохранители“, полицијата била во небрано. На крај сепак ја уапсиле, но не без импресивна борба од страна на жените. Кога полицајците им се заканиле со пендреци, Телохранителите извадиле цветни букети со бодликава жица; кога мажите се обиделе да ги допираат на излегување, ги соборувале со едно мало движење на малиот прст. Битката сѐ уште не била извојувана, но пораката била јасна: обединети жени се сериозна сила.
Дури во 2011 Гаруд добила постхумна плоча за спомен на нејзиниот придонес за женските права.