Всушност, многу психопати (и социопати) незабележано минуваат низ животот, дури имаат и предности при достигнувањето врвови во кариерата во однос на нивните колеги - 1 од 5 бизнис-лидери имаат психопатски карактеристики.
Сведоштвата на психопатите и социопатите се од Редит, и објаснуваат како живеат секој ден - далеку од сензационалистичкиот поглед што го добиваме од медиумите.
Моето мислење често ги вознемирува луѓето
Долго време мислев дека сум нормален, а дека луѓето што плачат за секакви работи се предраматични и чудни,“ објаснува еден. „Кога умираа мои блиски и не чувствував ништо, почнав да се сомневам.
Обично медиумите ги претставуваат луѓето како мене како луѓе што убиваат, без да чувствуваат каење. Но, јас не сум почувствувал потреба да повредам некого. Можеби од љубопитност, кога бев помал, за да видам дали ќе ми биде криво. Но, тоа прашање е одговорено, па нема потреба.
Се повторува еден детал од нивните животи - не можат да имаат милениче - миленичињата што ги имале ги занемарувале, бидејќи не им било доволно важно да преживеат и да бидат здрави. Покрај ова, одлучуваат и да не кажуваат мислење на одредени теми.
Загубата ми е олеснување
Друг коментира како интересот само за себе, неприликата и недостатокот на мотивација го одржува да не биде како психопатите-убијци на телевизија.
„Медиумите ја сензационализираат состојбата до степен секој психопат да добива портрет на убиец. Јас навистина не сум убиец, иако убиството е секогаш опција како решение за некој проблем. Но, дури и психопатот знае дека тоа е екстремно решение - како самоубиството. Го решава проблемот, но планирањето е бескрајно и последиците се напорни.“
Секој ден мораат да ги имитираат луѓето околу нив
„Односот со семејството и пријателите се сведува на имитација на тоа како тие врски треба да изгледаат за да испорачаш резултати. Жалоста е добар тест, ако се сомневаш. Мене секоја загуба ми е олеснување - една тежина помалку.“
Во дискусијата често се повторува дека е истоштувачки за психопатот да имитира социјална интеракција и да ја крие својата состојба. Неколкумина спомнуваат дека престанале да се кријат.
„Повеќето пријатели и членови на моето семејство знаат за моето нарушување и имам сфатено со тек на време дека ако им кажам, пред самите да забележат дека нешто не е во ред, полесно се справуваат. Мит е дека сите што ни се во животот ни служат како играчки и дека манипулираме со сите. И добро, да, можам да бидам екстремно манипулативен затоа што не се бавам со чувства како другите луѓе и знам како лесно да ги искористам за да упатам некого во правец што ми одговара, но тоа не значи дека го правам тоа цело време - само кога имам потреба. А тоа што чувствувам емоции многу помалку од другите не ми дозволува да се приврзам.“
Целата дискусија, со морничавата трезвеност на психопатите е тука.