Принцот Вилијам е очаен после интервјуто

Официјалната изјава е дека е „devastated“, така што, поточно би можеле да кажеме дека е срозан.

Кралската новинарка Кејти Никол за Ентертејнмент Тунајт изјави дека „Вилијам е очаен поради интервјуто“, затоа што, „не заборавајте дека војвотката од Кембриџ ја влечкаат низ кал и на Вилијам тоа ќе му биде ужасно. Се разбира, врската на Чарлс и Хари е најлоша до сега. Мислам дека самата идеја што Кејт ја мешаат во ова ќе ја вознемири и нејзе, која зад кулиси се трудеше најмногу што може да биде миротворец меѓу Вилијам и Хари. Многу е натажена заради нивното скарување. Не заборавајте дека беше неверојатна блиска и со Хари лично.“

Во меѓувреме, Николс кажа дека и извор близок на Чарлс споделил дека очајувал околу интервјуто со денови пред да се емитува.

Хари инаку ја спомна врската со татко му, велејќи дека е „крајно разочаран“ и дека Чарлс престанал да му одговара на повиците откако се повлекол од кралските должности. Во меѓувреме, Меган спомна лажни таблоидни наслови, според кои ја расплакала Кејт, кога „спротивното се случило“.

Вилијам и Кејт немаат прокоментирано, исто и палатата. Останува да се види каков извештај спремиле за јавност.

На истава тема: Неподносливиот комплекс на жртва на Меган Маркл

10 март 2021 - 00:00