Видете колку СЛУЧАЈНА фотографија е избрана за „Буквата на срамот“, или ако сакате „Црвената буква“ на Хоторн. Што сака да каже авторот на корицата? Дека „има машко и женско“ внатре?

Или оваа сељачка претстава за Гетсби, како да е излезен од македонски онлајн курс за мажественост и лидерство:

Или ова маоистичко толкување на „Женички“:

Или ова промашување на Магбет, каде што нешто „жената таму прај, стај жена, шо“.

А видете ја оваа слика на Доријан Греј! И не се бунете, има слика на корицата, или нема?

Или оваа, каде што во улога на Доријан Греј имаме млад хипстер, а на сликата што старее имаме повозрасен хипстер.

Или на оваа, што не можеш ни да ѝ се лутиш: Зошто Макрон? Зошто Оланд така загадочно поставен во долниот лев агол? Макрон е Доријан Греј-от што ужива животни благодети на сметка на „остарениот Оланд“? Или претеравме со барање логика?

А Бред Пит? Why?!

?????????

Пишува или не пишува „Жолтиот тапет“? Кај е проблемот?

Или оваа несреќно спелувана г-ѓа Даловеј?

Или овој скринграб од шпанска серија затоа што „нешто таму невиност“?

Или овој несреќен Франкенштајн?

Или „најди нешто со гордост, напиши гордост на Гугл“.

И уште еднаш, стани, Натаниеле Хоторне:
