Заборавената модна колекција на Амелија Ерхарт

Амелија Ерхарт е и легенда и мистерија. Освен што е првиот женски авијатичар што го прелетува Атлантикот пред да ѝ исчезне авионот во 1937, имала и други проекти - била социјален работник, советник за кариера во аеронаутика, новинар, мотивациски говорник, рекордер и, како што сега дознаваме - моден дизајнер на сопствената линија - Amelia Earhart Fashions.

Идејата за модни линии со потпис на славните датира уште од 1850 година, кога една многу популарна шведска оперска пејачка, Џени Линд решила да се дозбогати со сопствена модна линија - ракавици, капи и шалови. По нејзе доаѓа ѕвезда на немите филмови, Ајрин Касл, „најдобро облечената жена во Америка“, која е прва славна личност што сама дизајнирала, промовирала и била модел за нејзината модна линија. Па, тенисерот Рене Лакост, па Твиги во ’60-те, дури и Битлс имаат пробано со своја психоделична мода. И негде во целата таа историја се наоѓа и Амелија Ерхарт, чиј бренд сигурно би бил инспиративен и денес.

Амелија Ерхарт е и легенда и мистерија. Освен што е првиот женски авијатичар што го прелетува Атлантикот пред да ѝ исчезне авионот во 1937, имала и други проекти - била социјален работник, советник за кариера во аеронаутика, новинар, мотивациски говорник, рекордер и, како што сега дознаваме - моден дизајнер на сопствената линија - Amelia Earhart Fashions.

Почнало на вечера со дизајнерката Елса Скиапарели, најголемиот ривал на Коко Шанел. Разговарале за функционална мода и Елса ја охрабрила Амелија да делува и да создаде линија за жени. По кратко време, Ерхарт и нејзиниот сопруг Џорџ Патнам почнале да прават облека во нивниот апартман во хотелот Симор во Њујорк. Патман, кој бил издавач, се разбирал многу во маркетинг, па успеал и да ја зголеми славата на жена му, издавајќи ја нејзината книга и организирајќи промотивни турнеи.

Амелија веќе предизвикувала восхит кај јавноста со нејзиниот личен стил, па модна линија било природна прогресија.

Колекцијата од 25 парчиња „спортска облека“ се продавала во специјални продавници кои биле отворени внатре во Мејсис во Њујорк и Маршал Филдс. Имало фустани, блузи, панталони и костуми со копчиња во форма на пропелери и шапки од свила за падобрани.

„За финеси секогаш користиме нешто карактеристично за авијација,“ изјавила Ерхарт за печатот, „јаже од падобран наместо појас, штрафови за крила наместо копчиња.“ По некое време пуштила и линија куфери.

Веројатно може и дозвола да се купи за производство на облеката, и сајтот е најдобар начин да се почне.

9 март 2021 - 15:28