Ќе има „Powerpuff Girls“ серија

Возбудливо за сите што пораснаа со еден друг Cartoon Network и што беа Блосом, Баблс или Батеркап во друштво.

CW, телевизиската мрежа каде што се споени ЦБС и Ворнер Брадерс ќе прави филм за Powerpuff Girls и го објавија кастингот - Клое Бенет, Дав Камерон и Јана Перол.

Веројатно нема човек што гледал, а да не памти: Девојчињата ги создава нивниот татко, Професор Јутониум кога во комбинацијата од „шеќер, зачин и сѐ фино“ му се истура „хемикалија Икс“, па несакајќи креира суперхеројчиња. Сепак, верзијата на CW ќе ги претстави во поинакво светло - дваесет и кусур годишни, разочарани од нивното детство затоа што биле принудени да го спасуваат светот.

„Блосом, Баблс и Батеркап порано беа малите суперхерои на Америка. Сега илузиите им се разрушени, имаат по 20-и-кусур години и мразат што детството им отишло на борба со криминалот. И кога на светот ќе му затребаат повеќе од кога и да е, дали ќе се согласат повторно да се соберат?“

Еве ги, Блосом, која беше Little Miss Perfect, а сега има неколку дипломи и титули. Потиснатата траума од тоа што била дете-суперхерој ја направила анксиозна и повлечена и повторно сака да биде лидер, овој пат под сопствени услови:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Chloe Bennet (@chloebennet)

Баблс, која како слатко девојче ја има освоено Америка и сѐ уште блеска и како возрасна, но шармантниот екстериер крие неочекувана цврстина и мудрост. Позаинтересирана е да ѝ се врати славата, отколку да го спасува светот, но можно е сама себе да се изненади:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DOVE (@dovecameron)

И Батеркап, бунтовната и опасна сестра, почувствителна отколку што покажува нејзината цврста надворешност, возрасниот живот го поминува во обид да го отстрани идентитетот на Powerpuff девојка и живее анонимен живот:

Допрва се чекаат датуми за премиера и конечен заплет.

10 март 2021 - 12:47