Кристофер Пекни, 28-годишен иден татко од Њујорк умира откако направата што ја склопува за забавата за откривање на полот на детето што требало да му се роди експлодирала. Полицијата известува дека експлозијата се случила на домашен терен и веднаш испратиле екипа за размонтирање бомби. И ова не е ни прв пат работи токму од овој жанр да излезат смртоносни.
Во септември, пожарникар во Калифорнија загина борејќи се со масивен пожар започнат од пиротехника искористена на семеен настан за откривање на пол на неродено бебе. Пожарот потоа изгоре уште 19.000 ари земја, уништи куќи и стотици луѓе мораа да ги напуштат домовите.
Во 2019 пак, 56-годишна жена импровизирана експлозивна направа (Pipe bomb), спремна за иста ваква забава. Семејството се собрало дома да експериментира со различни типови не експлозиви за да можат тоа подоцна да го објават на социјални мрежи.
Патем:
И замислете неговото да беше кај жената во раце: