Вака изгледа кога давате совети што никој не ви ги бара

Го знаете оној момент, ви ѕвони банката по 18-ти пат за рата за кредит, или, што знам, државата нема набавено вакцини против Ковид, а земјите што ги користите за мајтап во муабет -имаат; и одеднаш, се појавува токсично-позитивен лик и ви вика - „А бе, само треба да ги отфрлиш негативните мисли и да веруваш дека заслужуваш, и ќе биде.“? Ви текнува? Е па, вака изгледа тоа.

„Си пробала со јога?“

„Само фокусирај се на работите што можеш да ги контролираш.“

„Мораш со зборови да ја повикаш добрината во животот.“

„Фокусирај се на позитивното во ситуацијата.“

„Може треба да си направиш табла со желби.“

Дури и да правите вака, да речеме дека сте во право. Ама ај, ќутете малку додека не ве прашаат следниот пат.

извор

3 март 2021 - 00:00