Ана Акана (сме ја имале тука, за „продадени души“, и тука, за манипулација при извинување) има одлично излагање на тема „Да се биде добра девојка и зошто не“, инспирирано од една дискусија каде што со уште две девојки открива дека сите проблеми, несигурности и грешки во животот имаат корен во детството и за жал, макар што било со најдобра намера - од родителите и нивните очекувања, кои пак биле наметнати од претходни родители - и така натаму.
Една има мајка со Олимпијада зад себе, која ја учела дека „ако има совршени мерки на телото“ тогаш е „добра.“
Друга има хипи родители, кои ја уверуваат дека ако ги запостави своите желби и потреби и им угодува на луѓето, значи дека е „добра“.
И самата Ана Акана ја учат од дете дека ако има големи научни и професионални достигнувања, по цена на стабилно ментално здравје, односи со луѓе и слободно време - добра е.
Ваквото наметнување вредности и на женски и на машки деца, резултира со возрасни луѓе кои постојано лутаат, занемарувајќи ги моменталните потреби, само за да исполнат некој критериум на „добра личност.“
Решението?
Доста со тоа „добра“.