Глуп твит на денот

Ова е од оние што газат по тенка линија - сериозен ли е, заебанција ли е? Морон или трол? Чувството на пораз настапува кога ќе ти текне дека многумина ќе се согласат дека „да, така треба“.

Или:

„Дами, ако сте сопственички на компанија и сопругот остане без работа, дали ќе се повлечете од директорското место, за сопругот да застане на чело на компанијата?“

Момент, да прибегнеме кон омилениот гиф:

Во репликите природно се наметнуваат содржајни, озбилни реакции како „имаш ли мозок“, или „глуп ли си“, или суштинското „ама зошто?“

И реално, под услов авторот - кој патем во био пишува дека е татко, ментор и адвокат на Христос - да е сериозен, која е логиката жената да му го предаде директорското место на сопругот, без разлика дали е квалификуван? Уште полошо, замисли да не е? Луѓето напаѓаат и со контра-прашања со сменети улоги, односно, господа, ако жена ви остане без работа, дали ќе ѝ го отстапите вашето директорско место во вашата компанија?

Еден дури и се залета со глава во ѕид, па на обратното прашање одговори со „па зависи, квалификувана ли е, има ли искуство, ќе ја почитуваат ли вработените...“

Е, ДА ДЕ!

И на крај, се разбира, ги имаш и оние, од машка страна „ако е добра жена, ќе отстапи“ и од женска „тој ми е маж, сѐ ќе направам за него“.

Супер. Колку треба да е некој нежен за да не може да работи ако жена му не му го отстапи врвот? Треба да си посебен тип на снегулка за да ти падне на памет дека ти следува ЦЕО позиција до која се стига само ако жена ти се тргне од таму. И треба да си посебен тип на сељак за да очекуваш дека тебе ти следува тоа место.

Нас нѐ интересира македонската јавност, и тоа живо нѐ интересира каков е ставот за ова извонредно глупо прашање:

Жени, ако имате фирма, а сопругот е невработен, дали ќе се повлечете и ќе му го отстапите директорското место?

15 март 2021 - 00:00