Како се прави Ковид тест на човек со Турет?

Тешко.

Луѓе со ваква состојба не гледаме често, па чисто за потсетување: Турет синдром е пореметување со движењата заради одредено наследено невролошко нарушување на мозокот. Луѓето што го имаат имаат тикови со неконтролирано трепкање, шмркање, гласно викање, повторување на движењата на другите, а понекогаш (и на филмови - најчесто) извикување вулгарности и навреди, без самоконтрола. Нема врска со интелигенција или долговечност - едноставно, луѓето со Турет ваквите тикови не можат да ги контролираат.

Тик Ток овозможи платформа за луѓе со Турет и не само со Турет. Одеднаш, луѓе со ретки болести и психолошки нарушувања добија простор да го запознаат светот со нивното секојдневие и наидуваат на многу фини реакции. Во еден таков случај, една девојка има објавено ведро видео од макотрпен обид да ѝ направат ковид тест затоа што тиковите не дозволуваат. Во истото видео, следи монтажа од одговори на најчестите прашања што ги добива во врска со нејзината состојба.

Тежок проблем, а општа веселост:

12 март 2021 - 00:00