Мислења

Дали чкртање на Прајд знаме стварно е „злосторство од омраза“?

Обезличување на знамиња на гордоста во источен Лондон беше оквалификувано како „злосторство од омраза“. Ендрју Дојл (патем, геј) вели дека е многу поверојатно тоа да е мотивирано од иритација што се трошат пари на овие бесмислени гестови за поддршка на заедницата која веќе ужива целосно еднакви права според законот. Бескрајните промоции на овие квази-религиозни симболи само дополнително ќе прават поделби меѓу луѓето.

Јанис Варуфакис: Трите митови кои го прогонуваат Западoт

Три митови ја поткрепуваат колективната фрустрација на западните центристички политички лидери, кои долго време својата хегемонија ја земаа здраво за готово. Најголемиот удар врз самодовербата на западните елити дојде после воведувањето на санкциите, додека го убедуваа населението дека производството ќе се врати дома. Дури тогаш сфатија дека 30 години неинвестирање и во производството и во инфраструктурата го направија Западот немоќен.

Ние не пукаме, ние кукаме

Ако сте за Трамп, или ако не сте вакцинирани против ковид, во прогресивни делови на САД како што е Бостон, овие информации ќе ги чувате во вашиот најтесен семеен круг. Од друга страна, на југот и во централна Америка, се случува конзервативна револуција. И двете групи се исклучиви. Либералите се полицемерни затоа што си земаат за право да се декларираат за морално и интелектуално супериорни.

Мир во Украина дур не е предоцна

Последниот руски воен напредок во Донецк ги засилува аргументите за преговарано решение за војната во Украина, стои во отвореното писмо од повеќе западни експерти и дипломати кое го објавува Фајненшл тајмс.

За да и служи на својата земја, претседателот Бајден треба да се повлече од изборите

Претседателот Бајден во повеќе наврати и точно го опиша влогот на годинешните претседателски избори како ништо помалку од иднината на американската демократија, се наведува во едиторијалот на Њујорк тајмс.

Зошто Нетанјаху не го ферма Бајден?

Пред неколку месеци изгледаше дека на Бајден му е смачено што Нетанјаху ги игнорира неговите повици да се воздржи во Газа, па конечно почна строго да разговара со него. Во март Бајден беше запрашан дали неговиот апел Израел да не изврши инвазија на Рафа е црвена линија, односно дали тоа би довело до сериозни последици. Одговорот на Бајден беше „тоа е црвена линија, но јас никогаш нема да го напуштам Израел.“

Денот кога умре сонот за вештачката интелигенција

Професорот Нолен Герц, автор на „Нихилизмот и технологијата“ го спори доминантниот оптимизам кон вештачката интелигенција, сугерирајќи дека нашето потпирање на неа е помалку за решавање на проблемите, а повеќе за бегство од суровите реалности на нашето време. Дали ВИ е навистина нашиот спасител или само умешно одвлекување на вниманието од реалните глобални кризи?

Анте Томиќ: Хрватите веќе не можат да си ја приуштат Хрватска

Не е дека баш никој жив не го интересираат шпагети со морски плодови за 55 евра по порција. Понудата и побарувачката се усогласени, угостителскиот пазар функционира совршено без вас. Проблем сте само вие. Цените се приспособени на нивниот висок стандард. Ние сме овде само за странците да се чувствуваат како дома.

Ѓоковиќ е најголем на сите времиња затоа што беше и остана аутсајдер

Која е причината толку страсно и одважно да се мрази Новак Ѓоковиќ? Ѓоковиќ не е омразен само во Хрватска и само меѓу националистите. Исто толку го мразат и по странства, особено оние слободоумните западњаци. Тој има секта на негови хејтери и во левичарските и граѓански кругови на Белград и Србија. Но, зад него не стојат орди хулигани, црква или власт. Тој размислува и зборува на свој трошок.

ЕУ империјата на цензурата

Во Европа се води уште една војна, башка од онаа во Украина. Онаа што ја водат елитите на ЕУ за тоа што може да се каже, што може да се слушне и што може да се мисли. Викаат дека тоа е војна против „говорот на омраза“ и „дезинформациите“, но со тоа едвај се прекрива презирот на елитите кон граѓаните со кои владеат и нивната недоверба кон „рајата“. Кога ќе се вклучи вештачката интелигенција, ќе биде бетер.

Империјата на Макрон се распаѓа

Пред 5 години Емануел Макрон порача „Maoré na Farantsa paka tcho!“ за време на својата кампања во Мамуѕу зборувајќи на локалниот шимаоре јазик во Мајоте архипелагот во Индискиот океан под француска контрола. Преводот е „Мајоте и Франција, засекогаш, во живот до смрт.“ Неделава францускиот претседател се врати на островите да глуми император, но неговата империја изгледа како да се распаѓа.

10 години од предвидувањето дека САД преку Украина ќе испровоцира војна со Русија

Улогата на Вашингтон во Украина, и неговата поддршка на нео-нацистите на режимот имаат големи импликации за остатокот од светот, ќе напише Џон Пилџер во текстот за Гардијан од 13 мај 2014.

Дали Џо Бајден воопшто е свесен за катастрофалната штета што ја направи?

Џо Бајден е најлошиот американски претседател од Џими Картер до денес. Бајден специјализираше на предавање на пријателите на Америка и наградување на нејзините непријатели, во понижување на Западот и охрабрување на автократиите на Глобалниот југ, пишува Алистер Хит во текстот за британски Телеграф.

Соборување на разбудените авторитарци

Лидерите денес не го црпат својот морален авторитет од демократското одобрување на нивните електорати, туку од нивната способност „да се издигнат над толпата“ и да се спротивстават на нивните наводно заостанати вредности. Нивните оставки се преполни со жалопојки за „популизмот“, „поларизацијата“ и наводната „токсичност“. Гласачите секогаш се имплицитните негативци, затоа што одбиваат да замолчат и да ги остават да владеат.

Проповед за Газа

Да се спротивставиш на радикалното зло значи да издржиш живот кој според стандардите на поширокото општество е неуспешен. Да ѝ пркосите на неправдата по цена на вашата кариера, репутација, финансиска ситуација, понекогаш и живот. Да се биде доживотен еретик. И да прифатите дека доминантната култура, дури и либералните елити, ќе ве туркаат на маргините и ќе се обидат да го дискредитираат не само она што го правите, туку и вашиот карактер.

Ни Орвел не можеше да го предвиди Трудо

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф донесе еден од најрестриктивните закони против говор на омраза, кој дури и длабоко авторитарни влади не би се осмелиле да го помислат. Законот што Трудо планира да го донесе, прави шкотскиот закон да изгледа како заштита на слободата на говор.

Не излегува математиката за Украина

Претседателот Бајден сака светот да верува дека најголемата препрека со која се соочува Украина се републиканците и нашиот недостаток на посветеност кон глобалната заедница. Ова е погрешно, пишува републиканскиот сенатор Ј. Д. Ванс.

Време е да зборуваме за падот на Киев

Додека ова е далеку од замрзнат конфликт, полека почнува да се нагледува кошмарно сценарио за Украина затоа што Западот не испраќа оружје, пишува Иан Мартин во текстот за британски Тајмс.

Враќањето на Трамп е дело на Демократите

Ако Трамп се врати на власт, тоа и овојпат ќе биде заради Демократите и нивната рамнодушност кон страдањата. Тие знаат дека работничката класа ги има напуштено не не можат да им свртат грб на корпорациите, па ќе играат на картата на страв од враќање на Трамп. Но, тој страв можеби ќе запали во урбаните и образовани енклави, но не и во американската пустелија. Таму го сакаат она што го сака и Трамп - одмазда. 

Кога здравиот разум ќе падне во транс

Мат Таиби пишува за една насловна која ја смета за најглупавиот насловен текст на сите времиња. Од транс-автор, во одбрана на малолетната промена на полот а напишано во име на децата и нивното „право на разици кои произлегуваат од нивната слободна волја“. Па што не ги оставаат сами да се возат со кола или да им даваат моторни пили за во школо?   

Четирите големи утки на Бајден

Во четири големи и битни области, политиката на Бајден кон војната во Украина не само што потфрли да ги исполни своите цели туку и доведе до контра резултати. Руската економија не колабираше како што се предвидуваше, армијата на Русија не само што не заслабе туку и се зајакна и реално се навежба против западното оружје, порасна популарноста на БРИКС а Украина е пред демографски колапс: од 44 милиони е сведена на 28 милиони луѓе, од кои 10 милиони се пензионери.

Три бои Украина

Три погледи на она што се случува во Украина и каде тоа води, со една заедничка нота - аман, доста гинеа луѓе. Специјалец вели дека Украина демографски се голта самата себе, инвеститор потсетува дека и оваа војна се темели на лаги и дека кога ќе заврши, некои мазно ќе продолжат кон следната, а во третиот сегмент, наивните се потсетуваат дека колку повеќе Украина е разурната, толку повеќе пари ќе требаат за да се обвнови. 

Џефри Сакс: Како ЦИА го дестабилизираше светот

ЦИА е тајна армија на САД, способна да создаде хаос низ светот без никаква одговорност. Само еднаш Агенцијата беше јавно скенирана и тогаш се откри вистината за шокантните атентати, државни удари, дестабилизации, шпионирања, тортури и медицински експерименти кои ги има изведувано Агенцијата. А од тогаш имаат поминато речиси 50 години.

Смртта на Навални ја покажа слабоста на Путин

„Бруталната нетолерантност со секакво несогласување со рускиот претседател е знак на неговиот намален авторитет“, пишува Френк Фуреди. На прв поглед, строгиот авторитаризам на Путин се чини непотребен бидејќи страв, фатализам и апатија одамна го имаaт зафатено рускиот јавен живот а милиони луѓе дигнаа раце од политика повлекувајќи се во нивните приватни живеачки. Па сепак...